Оваа иницијатива ќе ја процени основната причина за миграција на младите од Општина Делчево и ќе создаде синергија помеѓу јавниот и бизнис секторот кон градење на одржливо долгорочно решение за обезбедување можности за кариера за младите во овој индустриски град. Во рамки на иницијавата ќе се спроведе истражување, а ќе се организираат и панел дискусии за да се утврдат специфичните прашања за проблемот со миграцијата и предложените решенија ќе бидат вклучени во Документ за јавни политики. Дополнително, ќе се организира саем за кариера за вмрежување. Наодите и препораките ќе бидат јавно промовирани и доставени до партијата за да се рефлектираат во партиската програма во општа смисла, како и за претстојните локални избори.