Работилница со претставници на Левица за мобилизација, градење алтернативи и локално дејствување

Настани, Политички Партии

Заедно со политичката партија Левица одржавме работилница наменета за членовите на партијата, со цел дискусија и размена на идеи во однос на тоа како една политичка партија останува активна и релевантна и во периодот кога нема избори. За време на дводневната работилница фокусот беше ставен на тоа како да се слушаат граѓаните, како локалните иницијативи да прераснат во конкретни политики и како политичките организации да бидат присутни меѓу гласачите секој ден, а не само за време на изборните кампањи.

Оваа активност е дел од континуираните активности на Швајцарската програма за поддршка на изборите во насока на зајакнување на истражувачките и аналитичките капацитети на политичките партии и придонес кон поинформирани, поодговорни и граѓанско-ориентирани политички процеси.

Галерија