Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Да | Во Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година се издвоени конкретни наменски средства. Мерката примарно се фокусира на чистење и отстранување на дивите депонии на критичните локации во градот и околината . Средствата се јасно алоцирани. „Чистење и отстранување на диви депонии“ Алоциран износ за 2026 година е 4.250.000 денари. Обезбедувањето на средствата е планирано целосно од општински буџет - сопствени извори на Општина Прилеп | Програми за рабтоа на ЈКП КОмуналец: https://komunalecprilep.com.mk/programi-za-rabota/ |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Не | Во планот за јавни набавки на ЈКП Комуналец нема предвидено јавни набавки за оваа мерка. Оваа мерка е предвидена како трошок на ЈКП Комуналец за мапирање и чистење на дивите депонии, а не како јавна набавка | План за јавни набавки на ЈКП Комуналец: https://komunalecprilep.com.mk/planirani-nabavki/ |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Да | Усвоен Годишниот план на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Бидејќи општината не ја врши оваа дејност директно, оперативното чистење зависи од навременото доделување на средствата од буџетската програма на јавното претпријатие; Обезбедување согласности за локации за депонирање - Собраниот шут и комунален отпад мора законски да се депонираат, за што е потребна усогласеност со правилникот на ЈКП „Комуналец“ и Законот за управување со отпад и Координација со општинскиот инспекторат за животна средина. | Програма за јавна чистота за 2026 година: https://komunalecprilep.com.mk/wp-content/uploads/2026/02/programa-cistota-2026.pdf |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Да | Спроведени се 12 конкретни активности, но нема конкретна информација колку м3 градежен шут, цврст отпад и кабаст материјал се подигнати и транспортирани. На исчистените локации сè уште не е воспоставен најавениот континуиран редарски надзор. Причина за ова е ограничениот капацитет на општинските инспекциски служби (дефицит на кадар во Комуналната инспекција), кои не можат да обезбедат 24-часовно дежурство на терен и ризик од повторување. | https://www.facebook.com/share/p/193xVz1Sre/ ; https://www.facebook.com/share/p/1ckeUYWAMS/ ; https://www.facebook.com/share/p/19ka83MRQg/ ; https://www.facebook.com/share/p/1Htw6TogSB/ ; https://www.facebook.com/share/p/1GMJcUDwRq/ ; https://www.facebook.com/share/p/1EeveNGR1q/ ; https://www.facebook.com/share/p/1HVqrx61fu/ ; https://www.facebook.com/share/p/1DRWb12jEm/ ; https://www.facebook.com/share/p/1GPeCPY47w/ ; https://www.facebook.com/share/p/1ErHiwZV4F/ ; https://www.facebook.com/share/p/1Ha7KwDACg/ ; https://www.facebook.com/share/p/19aAGixQsE/ ; |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Да | Општина Прилеп и ЈКП „Комуналец“ информираат за чистењето диви депонии главно преку социјалните мрежи и ПР-објави со слики „пред и потоа“, наместо на официјалните веб-страници. Во објавите недостигаат клучни податоци за транспарентност: точно собраниот кубикажа отпад, трошоците за акцијата од буџетот и изречените казни за сторителите. Овие бројки се сумираат квартално или годишно, со што граѓаните немаат непосреден увид во системскиот ефект и трошењето на јавните пари. | https://www.facebook.com/share/p/193xVz1Sre/ ; https://www.facebook.com/share/p/1ckeUYWAMS/ ; https://www.facebook.com/share/p/19ka83MRQg/ ; https://www.facebook.com/share/p/1Htw6TogSB/ ; https://www.facebook.com/share/p/1GMJcUDwRq/ ; https://www.facebook.com/share/p/1EeveNGR1q/ ; https://www.facebook.com/share/p/1HVqrx61fu/ ; https://www.facebook.com/share/p/1DRWb12jEm/ ; https://www.facebook.com/share/p/1GPeCPY47w/ ; https://www.facebook.com/share/p/1ErHiwZV4F/ ; https://www.facebook.com/share/p/1Ha7KwDACg/ ; https://www.facebook.com/share/p/19aAGixQsE/ ; |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Не | На 3 септември поднесено е Барање за информации од јавен карактер за конкретната мерка. До моментот на известување, 30.09, немаме добиено одговор на поднесеното барање. | Барање за информации од јавен карактер |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Не | Нема никаква информација по барање на засегнатите страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Постои недостаток на организирани отворени дебати или јавни трибини директно со граѓанскиот сектор и еко-активистите. Општинската администрација почесто применува еднонасочна комуникација (информации преку ПР соопштенија и медиуми), наместо да организира заеднички форуми каде граѓаните би влијаеле врз креирањето на поригорозни превентивни мерки. | Проектен тим |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Не | Во овој квартал не се евидентирани настани за вклучување на граѓаните. Од претходниот квартал, сеуште нема информација дали има поднесено некаква постапка од барањето на граѓаните за поставување на видео-надзор (камери) на локациите каде што постојано се повторува фрлањето отпад, и нема информација дали комуналниот инспекторат има изречено некаква казна. | Разговор со претседателите на месните заедници. |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Да | Во овој квартал граѓаните имаат поднесено граѓанска иницијатива и за чистење на 2 места од потенцијална депонија. Исто така, граѓаните реагираат на социјалнните медиуми, односно имаат развиено пракса на континуирано дигитално мониторирање. Тие креираат фото и видео-приказни („пред и потоа“), јавно ги тагираат одговорните инспекторати и локални функционери и бараат јавни одговори. Оваа форма на будност создава сериозен притисок врз институциите, бидејќи јавноста директно го следи (не)постапувањето по пријавите. | https://www.facebook.com/share/p/1VGFjTi7k4/ ; https://www.facebook.com/komunalecprilep/posts/pfbid07KhXU2vRoMUEmiwohLUVZg1pYcEYKMDxP4htiWw8t8vSvi9LPiPzSFLiRFHqcXU8l?rdid=auRXhbWKF68DXjb9# |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Да | ЛАГ Агро Лидер иницираше и одржа јавен собир - теренска средба на 26.07.2026 поврзана со оваа мерка. За време на средбата се дискутираше за актуелните предизвици за мерката со населението во општина Прилеп. Средбата вклучи 20 граѓани од различни националности и возраст. Дополнително, во извештајниот период беше организирана и јавна кампања во Прилеп на 16.08.2026 и 17.09.2026. Настаните опфатија повеќе од 150 учесници, каде беше промовиран и QR код. Граѓаните сликаа слики од депонии и отпад и со скенирање на кодот, истите ги прикачуваа. | https://radiopela.mk/73431/ |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Да | На веб страната на општина Прилеп има дел на Пријави проблем - пријави депонија. Досега нема информација дали и колку граѓани пријавиле депонија преку овој модел. | |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Да | Во општина Прилеп секој четврток е отворен ден за средба со граѓани. Нема конкретен отворен ден за мерката за спречување на диви депонии. Во ЈКП Комуналец почнувајќи од јули 2026, секој ден е отворен ден за граѓаните каде што повикуваат на посети на граѓани секој работен ден | |
