Изградба на дополнителни паркизни и зонско паркирање во Општина Чаир

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Да

Во општинските програмски и буџетски документи се предвидени средства и финансиски модели за развој на паркинг-инфраструктурата и дополнителни паркинг-решенија. Во кварталот не е утврдена пренамена на планираните средства.

Буџет/Програма на Општина Чаир 2026; програмски документи за паркинг-инфраструктура.

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Не

До 30.09.2026 не е идентификувана објавена или започната јавна набавка конкретно за воведување на зонскиот систем или за конкретните дополнителни паркинг-решенија.

План за ЈН/ЕСЈН – проверка; програмски документи на Општина Чаир.

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не

Не се обезбедени доволно податоци дека се исполнети сите потребни предуслови за зонскиот систем и конкретните нови паркинг-решенија, вклучително технички решенија, формални одлуки, набавки и организациски предуслови.

Програмски документи; комуникација со Општина Чаир; записник 25.09.2026.

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Не

Во јули–септември 2026 не е обезбеден доказ дека започнала фактичка реализација на зонски систем или изградба на конкретни нови паркинг-капацитети. Активностите на мониторинг и средбата со граѓани не се сметаат како реализација на самата мерка.

Теренски увид/фото-документација; записник 25.09.2026.

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Не

Постојат поединечни јавни објави за паркирањето, но во кварталот не е утврдено редовно и континуирано информирање конкретно за воведувањето на зонскиот систем и фазите на неговата реализација.

Веб-страница и социјални мрежи на Општина Чаир – преглед јули–септември 2026.

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Не

Не се добиени информации, ниту е обезбеден документарен доказ дали во мониторираниот период биле поднесени и одговорени Барања за информации од јавен карактер конкретно за оваа мерка.

Проектна документација и комуникација со Општината – нема обезбеден документарен доказ за БИЈК конкретно за мерката.

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Да

На средбата од 25.09.2026 со претставници на Општина Чаир беа споделени информации и се дискутираше за состојбата со паркирањето и планираните паркинг-решенија.

Записник од средба 25.09.2026; службена белешка од анонимно лице 25.09.2026.

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Не

Не е обезбеден доказ дека граѓаните биле формално вклучени во донесување конкретни одлуки за зонското паркирање или другите паркинг-решенија, ниту дека нивните ставови биле формално инкорпорирани.

Записник од средба 25.09.2026; прашалници за учесници.

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Да

На 25.09.2026 Центар за Асистенција организираше средба со заедницата во Општина Чаир, посветена на паркирањето и гаражната инфраструктура. Во рамки на средбата беше спроведено анкетирање на учесниците за нивната информираност, искуства и учество во прашања поврзани со паркирањето, гаражите и користењето на јавниот простор. Од 23 валидни одговори, 17,4% навеле дека лично доставиле предлог, барање или иницијатива до Општината

Прашалници за учесници од 25.09.2026 – одговори на прашањето за лично доставен предлог, барање или иницијатива.

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Да

На 25.09.2026 беше одржана средба со заедницата на која беа презентирани наоди за паркирањето и гаражната инфраструктура и беше овозможена дискусија со граѓаните и претставниците на Општината.

Агенда, листа на присутни, прашалници и фото-документација од 25.09.2026.

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не

Не е идентификувана посебна електронска алатка, образец или апликација преку која граѓаните можат да учествуваат конкретно во одлучувањето или реализацијата на оваа мерка.

Официјална веб-страница на Општина Чаир; Сектор за урбанизам – проверка.

3.3.3Отворени денови на општината Не

Не е обезбеден доказ дека во мониторираниот период бил организиран отворен ден на кој се разгледувала мерката за дополнителни паркинзи или зонско паркирање.

Официјална веб-страница на Општина Чаир – проверка.

Стагнација
Општина Чаир
Организација Здружение за грижа и нега во домот „Центар за Асистенција“ - Скопје
Финансиски индикатор (општина) Отвори