Мониторирање на изградбата на подземниот паркинг кај плоштадот Скендербег во општина Чаир

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Да

Проектот е предвиден во програмските и буџетските документи. Вкупната проценета вредност е околу 25 милиони евра, со планирано повеќегодишно владино финансирање.

Буџет/Програма на Општина Чаир 2026 ; Влада на РСМ, 61-ва седница, т.45.

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Не

До 30.09.2026 не е обезбеден документарен доказ за објавена или започната јавна набавка за главните работи. На средбата од 25.09.2026 беше информирано дека проектната документација е во завршна фаза и јавната набавка се очекува како следен чекор.

Записник/службена белешка од 25.09.2026; проверка на План за ЈН/ЕСЈН.

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не

Дел од предусловите се обезбедени – финансиска рамка и напредната проектна документација – но до крајот на кварталот јавната набавка не беше започната, па не може да се смета дека се исполнети сите предуслови.

Записник/службена белешка од 25.09.2026; Буџет 2026; Влада на РСМ, 61-ва седница, т.45.

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Не

До 30.09.2026 не се евидентирани главни градежни активности на терен. Проектот останува во подготвителна и документациска фаза.

Теренски увид/фото-документација; записник/службена белешка 25.09.2026.

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Не

Во кварталот не е утврдено редовно и континуирано објавување информации за напредокот на конкретниот проект на веб-страницата и социјалните мрежи. Постојат поединечни информации, но не и редовно следење на фазите.

Веб-страница и социјални мрежи на Општина Чаир – преглед јули–септември 2026.

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Не

Не се добиени информации, ниту е обезбеден документарен доказ дали во мониторираниот период биле поднесени и одговорени Барања за информации од јавен карактер конкретно за оваа мерка.

Проектна документација и комуникација со Општината – нема обезбеден документарен доказ за БИЈК конкретно за мерката.

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Да

На средбата од 25.09.2026 претставници на Општина Чаир споделија информации за тековната состојба на проектот, завршната фаза на документацијата и следните очекувани чекори.

Записник од средба 25.09.2026; службена белешка од анонимно лице 25.09.2026.

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Не

Не е обезбеден доказ дека граѓаните биле формално вклучени во донесување конкретни одлуки за проектот или дека нивните ставови биле инкорпорирани во формални одлуки.

Записник од средба 25.09.2026; прашалници за учесници.

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Да

На 25.09.2026 Центар за Асистенција организираше средба со заедницата во Општина Чаир и спроведе анкетирање на присутните за паркирањето и гаражната инфраструктура. Беа собрани 25 прашалници за учесници и 23 евалуациски прашалници. Од 23 валидни одговори, 17,4% навеле дека лично доставиле предлог, барање или иницијатива. Анализата покажа и дека 92% се целосно или делумно запознаени со планираните мерки, додека само 32% сметаат дека Општината доволно ги информира граѓаните.

Прашалници за учесници од 25.09.2026 – одговори на прашањето за лично доставен предлог, барање или иницијатива.

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Да

На 25.09.2026 Центар за Асистенција организираше средба со заедницата во Општина Чаир, со учество на граѓани и претставници на Општината. Беа презентирани наодите за подземната гаража кај плоштад „Скендербег“ и за дополнителните паркинг-решенија, а се дискутираше за недостигот од паркинг-места, гаражни капацитети, сообраќајниот метеж и информирањето на граѓаните. Беа собрани 25 прашалници за учесници и 23 евалуациски прашалници. Како заклучок беше истакната потребата од повеќе паркинг-капацитети, поредовно информирање и продолжување на директниот дијалог со граѓаните.

Агенда, листа на присутни, прашалници и фото-документација од 25.09.2026.

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не

Не е утврдена посебна електронска форма, апликација или онлајн алатка за учество на граѓаните конкретно во реализацијата на проектот.

Официјална веб-страница на Општина Чаир; Сектор за урбанизам – проверка.

3.3.3Отворени денови на општината Не

Во мониторираниот период не е обезбеден доказ дека Општина Чаир организирала отворен ден на кој била разгледувана конкретната мерка. Постарата објава за отворени денови не е доказ за активност во 2026 година.

Официјална веб-страница на Општина Чаир – проверка.

Стагнација
Општина Чаир
Организација Здружение за грижа и нега во домот „Центар за Асистенција“ - Скопје
Финансиски индикатор (општина) Отвори