Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Да | Во Буџетот и Програмата за животна средина на Општина Битола за 2026 година се предвидени средства за реализација на двете мерки. За изработка на Стратегија за развој на зеленило се алоцирани 1.500.000 денари, додека за поставување подземни садови за комунален отпад се предвидени 3.000.000 денари. Мерките се насочени кон унапредување на зелените површини и подобрување на управувањето со отпадот. | Програма за животната средина во Општина Битола за 2026 година Образложение на Буџет на Општина Битола за 2026 година |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Да | Изработката на Стратегијата за развој на зеленило е планирана преку јавна набавка, но нема податоци за објавен оглас. За подземните садови, огласот бр. 13542/2026 од 30.07.2026 година е поништен на 24.08.2026 година поради неподнесена ниту една понуда или прифатлива понуда. Повторениот оглас бр. 15260/2026 од 03.09.2026 година е поништен на 21.09.2026 година, при што не е наведена причина за поништувањето. | Годишен план за јавни набавки за 2026 година на Општина Битола Оглас за јавна набавка бр.13542/2026 Известување за поништување на постапка за јавна набавка Оглас за јавна набавка бр.15260/2026 |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Да | За периодот јули - септември 2026 година, Општина Битола во одговорот бр. 11-95/1 наведе дека се очекува имплементација на мерката, но за Стратегијата за развој на зеленило не се евидентирани конкретни активности ниту објавен оглас за јавна набавка. За подземните контејнери, ЈП „Комуналец“ - Битола во одговорот бр. 03-368/1 наведува дека се обезбедени неопходните предуслови. Беа објавени огласите за јавни набавки бр. 13542/2026 од 30.07.2026 и бр. 15260/2026 од 03.09.2026 година, но двете постапки се поништени. | Одговор на барање за информации од јавен карактер 11-95/1 добиено од општина Битола Одговор на барање за информации од јавен карактер 03-368/2 добиено од ЈП Комуналец Оглас за јавна набавка бр.13542/2026 Известување за поништување на постапка за јавна набавка Оглас за јавна набавка бр.15260/2026 |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Не | Во периодот јули - септември 2026 година, во однос на мерката „Изработка на Стратегија за развој на зеленило“, не се евидентирани конкретни активности за нејзина реализација. Иако мерката е предвидена за реализација преку постапка за јавна набавка, во анализираниот период не е објавен оглас за јавна набавка, ниту се регистрирани други подготвителни или оперативни активности поврзани со изработката на Стратегијата. Кај мерката „Поставување подземни садови за комунален отпад“ се евидентирани активности поврзани со спроведување постапки за јавна набавка. Оттука, во анализираниот период активностите остануваат во рамки на постапките за јавна набавка, без евидентирана теренска реализација на мерката. |
ЕСЈН - оглас бр. 15260/2026 од 03.09.2026 година Одговор на барање за информации од јавен карактер бр. 11-95/1, Општина Битола Одговор на барање за информации од јавен карактер бр. 03-368/2, ЈП „Комуналец“ - Битола |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Не | Во периодот јули - септември 2026 година не се евидентирани информации за реализацијата на мерките на официјалните веб-страници и социјалните медиуми на Општина Битола и ЈП „Комуналец“ - Битола. Не се објавени информации за преземени активности, постапките за јавни набавки, нивното поништување или за актуелниот статус на реализација на двете мониторирани мерки. | Официјална веб-страница на Општина Битола Официјална веб-страница на ЈКП „Комуналец“ - Битола Фејсбук-профил на Општина Битола Фејсбук-профил на ЈКП „Комуналец“ - Битола Фејсбук-профил на Тони Коњановски Инстаграм-профил на Тони Коњановски |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Да | Во периодот јули - септември 2026 година, надлежните институции постапиле по доставените барања за слободен пристап до информации од јавен карактер и ги доставиле бараните информации. Општина Битола постапила по барањето бр. 11-95/1, поврзано со изработката на Стратегијата за развој на зеленило и поставувањето подземни садови за комунален отпад, и доставила одговор со информации за планираните активности и статусот на мерките. Исто така, ЈП „Комуналец“ - Битола го уважило барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер бр. 03-368/1 од 07.09.2026 година. Во одговорот се доставени информации за избраните локации за подземните контејнери, обезбедените согласности, изработената проектна документација, планираните средства и статусот на постапката. На 22.09.2026 година, ЈП „Комуналец“ - Битола го доставило одговорот заведен под бр. 03-368/2. Оттука, во анализираниот период е евидентирана навремена институционална комуникација и достапност на бараните информации од јавен карактер. | Официјални одговори на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер од Општина Битола (бр. 11-95/1) и ЈП „Комуналец“ - Битола (бр. 03-368/1 и одговор бр. 03-368/2) |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Не | Во периодот јули - септември 2026 година нема посебни активности на кои биле споделени информации во врска со мерката. | Проектен тим |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Не | Во периодот јули - септември 2026 година не се евидентирани формални консултации со граѓаните во процесот на донесување одлуки поврзани со изработката на Стратегијата за развој на зеленилото и поставувањето подземни садови за комунален отпад. Исто така, нема достапни информации дека граѓаните биле директно консултирани при утврдувањето на конкретните активности или начинот на реализација на мерките. На одржаниот состанок со раководителката на Одделението за урбанистичко планирање и заштита на животната средина, Валентина Андријашевиќ Кривашија, не беа добиени дополнителни информации за евентуално вклучување на граѓаните во процесот. Во извештајниот период беше одржана и тркалезна маса на која се дискутираше за двете мониторирани мерки и на која учествуваа претставници на институциите, граѓанскиот сектор и јавноста. |
Објави на официјалните профили на ИНТЕРАКТИВ - Битола на Фејсбук и Инстаграм Објава на веб-страницата „Шеталиште“ за одржаната тркалезна маса Објави на официјалните профили на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на Фејсбук и Инстаграм |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Не | Не се евидентирани конкретни граѓански иницијативи, петиции, барања или други форми преку кои граѓаните побарале директно учество во одлуките поврзани со двете мониторирани мерки. | Проектен тим |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Не | Во извештајниот период јули - септември 2026 година не се евидентирани јавни собири, дебати или форуми преку кои граѓаните биле директно вклучени во спроведувањето на мониторираните мерки. | Веб страница на Општина Битола Веб-страница на ЈКП „Комуналец“ - Битола Фејсбук профил на Општина Битола Фејсбук профил на ЈКП „Комуналец“ - Битола Фејсбук и Инстаграм профил на г-дин Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | Во текот на извештајниот период јули - септември 2026 година не е евидентирана посебна можност за електронско учество на граѓаните во однос на двете мониторирани мерки. На веб-страниците и преку другите дигитални канали на надлежните институции не се забележани електронски обрасци, анкети, консултации, мобилни апликации или други дигитални алатки преку кои граѓаните би можеле да доставуваат мислења и предлози или директно да учествуваат во процесот на реализација на мерките. | Веб страница на Општина Битола Веб-страница на ЈКП „Комуналец“ - Битола Фејсбук профил на Општина Битола Фејсбук профил на ЈКП „Комуналец“ - Битола Фејсбук и Инстаграм профил на г-дин Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Не | За периодот јули - септември 2026 година нема достапни информации за одржан отворен ден посветен на мониторираните мерки, на кој граѓаните би можеле да се информираат за нивната реализација, да дискутираат со претставници на надлежните институции или да достават свои мислења, предлози и забелешки. | Веб страница на Општина Битола Веб-страница на ЈКП „Комуналец“ - Битола Фејсбук профил на Општина Битола Фејсбук профил на ЈКП „Комуналец“ - Битола Фејсбук и Инстаграм профил на г-дин Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола |
