I. Историјат
„Поддршка на изборни реформи во Северна Македонија“ е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), имплементиран од страна на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и нејзиниот партнер Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).
Догорочната цел (краен резултат) на проектот е поддршка на демократските и кредибилни изборни процеси кои го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција преку овозможување на гласачите слободно да ги избираат своите претставници коишто ќе бидат отчетни пред граѓаните.
Активностите на проектот се наменети за поддршка на овва цел преку остварување на три резултати:
- Резултат 1: Зајакнатите институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси.
- Резултат 2: Внатрешно демократизираните политички партии претставуваат изборни политики и програми ориентирана кон граѓаните
- Резултат 3: Политичките партии и избраните функционери се отчетни пред своите граѓани.
Корисници на проектот се органите кои се вклучани во спроведувањето на изборите на сите нивоа; владините агенции и институции како што се Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државниот завод за статистика, Институцијата народен правобранител, Државниот завод за ревизија, Министерството за внатрешни работи, Министерство за правда; политичките партии, граѓанските организации, гласачите и граѓаните.
Проектот започна да се спроведува во август 2019 година и се очекува да заврши во јуни 2023 година.
За Академијата за јавни политики (АЈП)[1].
Целта на АЈП е зајакнување на компетенциите на претставниците на младинските ограноци на политичките партии за креирање и влијаење врз јавните политики. АЈП има за цел да ги зголеми знаењата и вештините на претставниците на младинските ограноци на политичките партии во:
– идентификување на проблемите на заедницата на партиципативен и инклузивен начин;
– изнаоѓање на одговори на проблемите во заедницата засновани на докази и вредности во рамките на политиките;
– презентирање и комуницирање на одговорите во рамиките на политиките, вклучувајќи и изработување на кратки извештаи за политиките,
– лобирање за спроведување на јавните политики;
– изнаоѓање и спроведување на иновативни иницијативи за дискутирање на идентификуваните решенија за политиките со заедницата
[1] Подетални информации за АЈП и нејзините учесници ќе бидат доставени до избраните обучувачи и стручњаци.
Горенаведените цели се постигнуваат преку различни модалитети на учење, а клучниот модалитет се интерактивните работилници во живо. Вкупно предвидени се три работилници фокусирани на следниве теми:
а. Циклус на јавните политики и креирање политики базирани на докази,
б. Комуницирање, аргументирање, презентирање на политиките,
в. Лидерство, лобирање и застапување, ангажман во заедницата.
Во рамките на гореспоменатата тема, принципите на инклузивно учество на ранливите групи како што се младите, жените и лицата со попреченост треба да бидат интегрирани во секоја тема.
II. Цели
Проектниот тим бара обучувачи и стручњаци кои ќе придонесат во спроведувањето на програмата на Академијата во следните работилници / сесии:
Ι работилница
- Циклус на јавните политики, креирање на политики базирани на докази, изработка на кратки извештаи за политиките;
II работилница
- Вештини за комуницирање, аргументирање и презентирање (општо, како и конкретно за јавните политики)
- Лидерство (вештини и модели, применети во функционирањето на политичките партии);
III работилница
- Лобирање и застапување (општо, како и конкретно за јавните политики)
- Ангажман во заедницата;
Секоја сесија треба да вклучува теоретски пристап и примери од практиката. Примерите може да бидат од земјата или од регионот. Сесијата треба да биде интерактивна и да ги ангажира учесниците активно да придонесат во постигнување на резултати од учењето.
III. Што се очекува од обучувачите:
- Да предложат краток концепт за сесијата во координација со проектниот тим;
- Да изработат материјали за учење во форма на Power Point презентација, дополнителни писмени материјали, насоки за групна работа, препорачана литература на материјалите за дополнително читање;
- Да ја одржат сесијата;
- Да подготват извештај за сесијата (по завршувањето на сесијата)
IV. Професионални квалификации и услови:
- Универзитетска диплома по политички науки, општествени науки или слично поле (магистратурата ќе се смета за предност)
- Петгодишно искуство во обука или практицирање на темите наведени во дел II;
- Петгодино практицирање или три реализирани задачи за политичка партија во земјата или во странство;
- Докажано знаење и способност за работа со различна група корисници (различна етничка припадност, родова определба, лица со попреченост и сл.)
- Одлично владеење на англискиот и македонскиот јазик;
- Познавањето на албански јазик ќе се смета за голема предност;
- Претходното искуство во работа со политички партии ќе се смета за предност;
- Искуството во работа со владини организации и/или граѓански организации ќе се смета за предност.
V. Временска рамка и денови за консултации
За спроведување на горенаведените задачи како дел од 1 сесија, се предвидуваат до 3 денови за консултации (1 ден за подготовка, 1 ден за одржување на сесијата и 1 ден за подготовка на извештајот).
VI. Предлог и критериуми за избор на најдобра понуда
Секој апликант може да достави предлог за изведување на 1 или повеќе сесии/работилници, наведувајќи го тоа во апликацијата.
На приватните ентитети им е дозволено да поднесат предлог со номинирање на обучувачи или стручњаци или тим од двајцата кои се во согласност со горенаведените критериуми.
Предлозите мора да содржат CV за обучувачите/стручњаците, Листа на препораки и Финансиски предлог.
- CV-то мора да ги вклучува информациите побарани во дел IV
- Листа на препораки (контакт информации од најмалку два претходни ангажмани)
- Финансискиот предлог треба да ги вклучува сите потребни трошоци за оваа задача.
Давателот на услуги ќе се оценува врз основа на следниве услови:
CV-то ќе се вреднува со 70%, а финансискиот предлог со 30%. Техничкиот предлог ќе се оценува врз основа на критериумите во табелата дадена во продолжение. Финансискиот предлог мора да биде разумен и да прикажува ефикасно користење на ресурсите, а дополнителните трошоци, доколку ги има, мора да бидат јасно идентификувани. Понудите ќе бидат споредувани меѓу понудувачите кои ќе одговорат на повикот, а кои ги исполнуваат техничките барања.
Категорија на критериуми | Вредност |
Образование | 30% |
Искуство | 40% |
Цена | 30% |
ВКУПНО | 100% |
VII. Краен рок за аплицирање
Апликантот мора да ги достави потребните документи најдоцна до 18.02.2021, 23:59 часот, на следната е-пошта: applications@nms.org.mk каде во насловот на пораката [Subject] треба да стои Експерт за обука на Академијата за јавни политики_(име и презиме) [Training Exert Academy for Public Policy_(name and surname)].
* НМСМ го задржува правото да го продолжи рокот за пријавување, доколку е потребно.