Истражувачко-аналитичкиот центар на политичката партија ДУИ и ИФЕС реализираа дводневна обука за практична примена на дигитални алатки и вештачка интелигенција во секојдневната работа на политичките партии.
Преку практични вежби и примери, учесниците се запознаа со можностите за користење на AI-алатките во политичкото и истражувачкото работење, анализа и обработка на информации, развој на политики, стратешка комуникација и креирање содржини. Посебен акцент беше ставен на конкретни решенија кои можат да ја подобрат ефикасноста, да го олеснат извршувањето на секојдневните задачи и да го унапредат внатрешното функционирање на партијата.
Оваа активност е дел од континуираните активности на Швајцарската програма за поддршка на изборите во насока на зајакнување на истражувачките и аналитичките капацитети на политичките партии и придонес кон поинформирани, поодговорни и граѓанско-ориентирани политички процеси.
