Од 6 до 8 јули 2026 година во Струга, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), со поддршка од Изборната програма за поддршка, реализираше тридневна работилница посветена на зајакнување на институционалната кохезија во делот на надлежното постапување за време на изборните процеси.
На работилницата учествуваа претседателот и членовите на ДКСК, како и вработените во Секретаријатот на Комисијата. Во текот на трите дена беа разгледани законските надлежности на ДКСК поврзани со следењето на изборниот процес, искуствата од претходните изборни циклуси, идентификуваните системски слабости и предизвиците со кои Комисијата се соочува при спроведувањето на своите законски надлежности.
Учесниците разгледаа и практични случаи од постапувањето на ДКСК за време на Локалните избори 2025. Посебно внимание беше посветено на интерната комуникација и организација на Комисијата за време на изборниот процес, соработката со другите надлежни институции и можностите и механизмите за нивно понатамошно унапредување.
Работилницата придонесе кон зајакнување на институционалните капацитети и подобрување на внатрешната координација на ДКСК при извршувањето на нејзините надлежности поврзани со изборните процеси и претставуваше продолжение на соработката и поддршката што се обезбедува преку Изборната програма за поддршка.
