Државната изборна комисија (ДИК) заедно со членовите на администрацијата започна процес за Стратешко планирање и подготовка на нова Стратегија на ДИК за периодот 2021-2024.

На дводневна интензивна работилница, членовите и вработените во ДИК работеа заеднички со цел ревизија на досегашните приоритети, надградба на истите и дефинирање на долгорочни цели чија цел е спроведување транспарентни, инклузивни и успешни избори.

Стратешкиот документ е еден од клучните документи за ДИК и се подготвува во вистинско време. Новата Комисија е составена пред еден месец а пред нас се нови избори и нови цели. Со оваа работилница се затвара процесот на планирање и работниот дел а во следниот период ќе се продолжи со подготовка/пишување на Стратешкиот документ.

Учесниците на работилницата работеа интензивно и посветено во насока на изработка на квалитетен документ и придонес кон уште поуспешни изборни процеси во следниот период.

Проектот Поддршка на изборни реформи има за цел да ги зајакне институциите за спроведување фер и ефикасни изборни процеси.

 

Галерија