Jавна расправа со Енес Лимани


Големина на фонт

На 8 септември заедно со Енес Лимани го отворивме циклусот на Jавни oтворени дискусиите со учесниците на Академијата за јавни политики.

Дискусијата се одржи во Ресторант Гарден – Сарај со почеток 17:00.

Енес покрај своето учество во АЈП, е исто така член на подмладокот на Демократска унија за интеграција.

Пред присутните тој го презентираше процесот на пишување на краток документ за политики и проблемот што го избра со темата „Унапредyвање на културниот живот и културните можности во општина Сарај“.

Главната идеја на краткиот документ е лобирање за изградба на Дом за култура.

Учесниците имаа културолошка позадина, сите тие имаа клучна улога во културно здружение или ансамбли. Заедно со Енес разговараа за потребите и можностите што Домот за култура ќе им ги даде бидејќи веќе организираат различни меѓународни фестивали.

Повратните информации што ги доби Енес ќе му помогнат да развие подобар документ за политики, имајќи ги предвид сите страни на приказната.

Следете не за да дознаете повеќе за работата на нашите учесници во АЈП.

КОГА

од: 08-09-2020 17:00

до: 08-09-2020 18:00

КАДЕ

Restorant Garden - Saraj

Галерија

Останати настани

Средба со заедницата во Општина Студеничани – Презентирање на почетни наоди од мониторингот

Млади од политички партии

30-06-2026

Работилница за претставници на политичките партии: Помеѓу два изборни циклуси - Градење активни и граѓански ориентирани политички партии

Млади од политички партии

20-06-2026

Интерактив-Битола: Тркалезна маса во Битола

Млади од политички партии

19-06-2026