Jавна расправа со Енес Лимани


Големина на фонт

На 8 септември заедно со Енес Лимани го отворивме циклусот на Jавни oтворени дискусиите со учесниците на Академијата за јавни политики.

Дискусијата се одржи во Ресторант Гарден – Сарај со почеток 17:00.

Енес покрај своето учество во АЈП, е исто така член на подмладокот на Демократска унија за интеграција.

Пред присутните тој го презентираше процесот на пишување на краток документ за политики и проблемот што го избра со темата „Унапредyвање на културниот живот и културните можности во општина Сарај“.

Главната идеја на краткиот документ е лобирање за изградба на Дом за култура.

Учесниците имаа културолошка позадина, сите тие имаа клучна улога во културно здружение или ансамбли. Заедно со Енес разговараа за потребите и можностите што Домот за култура ќе им ги даде бидејќи веќе организираат различни меѓународни фестивали.

Повратните информации што ги доби Енес ќе му помогнат да развие подобар документ за политики, имајќи ги предвид сите страни на приказната.

Следете не за да дознаете повеќе за работата на нашите учесници во АЈП.

КОГА

од: 08-09-2020 17:00

до: 08-09-2020 18:00

КАДЕ

Restorant Garden - Saraj

Галерија

Останати настани

Научени лекции од Локалните избори 2025

Млади од политички партии

19-05-2026

Модул 3 на Академијата за јавни политики – петта генерација: Демократско управување со животната средина и младинско лидерство

Млади од политички партии

15-05-2026

АНГАЖМАН НА ЗАЕДНИЦАТА, МОБИЛИЗАЦИЈА И КОМУНИКАЦИЈА НА НАОДИТЕ ОД МОНИТОРИНГОТ

Млади од политички партии

08-05-2026