Студиска посета на АЈП во Загреб, Република Хрватска


Големина на фонт

Учесниците од сите три генерации на Академијата за јавни политики (АЈП) ќе бидат дел од студиската посета што ќе се одржи во Загреб, Република Хрватска од 7 до 12 мај 2023 година.

Студиската посета има за цел да ги запознае учесниците на АЈП со различните политички и институционални начини на функционирање на политичките системи. Освен посетите на бројни институции и средби со нивните колеги во Хрватска, активноста ќе придонесе за зајакнување на врските меѓу учесниците и дополнително проширување на нивното знаење и искуство.

Некои од активностите предвидени за време на студиската посета се:

– Еднодневна алумни конференција помеѓу Академијата за јавни политики (АПП) и Академијата за политички развој во Хрватска. За време на конференцијата учесниците ќе имаат можност да дознаат повеќе за политичкото учество, партиската политика и развојот на јавните политики во Југоисточна Европа, од сегашни и поранешни политичари, како и да разменат искуства меѓу двете Академии.

– Посета на Кабинетот на претседателот, каде што учесниците ќе бидат примени од Н.Е. Зоран Милановиќ, Претседател на Република Хрватска;

– Посета на Канцеларијата на Градоначалникот на Загреб, каде што учесниците ќе бидат примени од г-дин Томислав Томашевиќ, Градоначалник на Загреб;

– Посета на Собранието на Република Хрватска;

– Посета на најголемите политички партии како ХДЗ, СДП, МОСТ, итн.;

– Посети на некои граѓански организации како и културни и историски места во Загреб.

КОГА

од: 07-05-2023 08:00

до: 12-05-2023 21:00

КАДЕ

Zagreb, Republic of Croatia

Останати настани

Работилница: Креирање, имплементација, евалуација и промоција на јавни политики: алатки и стратегии

Млади од политички партии , Политички Партии

27-09-2024

Тркалезна маса: Политичко учество на жените на Парламентарните избори 2024

Млади од политички партии , Политички Партии

20-09-2024

Тркалезна маса: Политичко учество на жените на Парламентарните избори 2024

Млади од политички партии , Политички Партии

19-09-2024