Работилница за претставници на политичките партии: Помеѓу два изборни циклуси – Градење активни и граѓански ориентирани политички партии


Големина на фонт

Работилницата има за цел да ги зајакне организациските, комуникациските и политичките капацитети на претставниците на политичките партии во државата, во насока на поголема политичка одговорност и посилна поврзаност со граѓаните. Преку интерактивни сесии, практични вежби и размена на искуства, учесниците ќе имаат можност да дискутираат за современите предизвици со кои се соочуваат политичките партии, да ги унапредат своите пристапи кон поефикасно преточување на програмските определби во секојдневни политички активности и подобро да ја координираат работата помеѓу централното и локалното ниво. Дополнително, работилницата ќе ги обработува начините на кои политичките партии можат поуспешно да ги препознаваат потребите на граѓаните и да развиваат јавни политики што одговараат на нивните очекувања, како и можностите и ограничувањата на вештачката интелигенција како потенцијална алатка во партиското функционирање.

КОГА

од: 20-06-2026 10:00

до: 21-06-2026 14:00

КАДЕ

Хотел Оаза, Штип / Hotel Oaza Shtip

Останати настани

Работилница за претставници на политичките партии: Помеѓу два изборни циклуси - Градење активни и граѓански ориентирани политички партии

Истражувачки и аналитички центри , Настани , Политички Партии

20-06-2026

Интерактив-Битола: Тркалезна маса во Битола

Истражувачки и аналитички центри , Настани , Политички Партии

19-06-2026

Собир на алумнисти на Академијата за јавни политики - Пет генерации, една мрежа

Истражувачки и аналитички центри , Настани , Политички Партии

12-06-2026