Дискусија: “Странски директни инвестиции во Македонија: Сон или реалност?”
Големина на фонт
Во рамките на Иновативната иницијатива “Странски директни инвестиции во Македонија: Сон или реалност?”, мобилизаторот на заедницата Филип Ивановски организира јавен настан (дискусија) кој ќе се одржи на 1.12.2021 во кафулето Вудсток.
На овој настан ќе се поттикне дискусија околу важноста на Странските директни инвестиции (СДИ) за општеството, ќе се анализира односот на СДИ и трговијата, ќе се презентира компаративна анализа на СДИ за земјите од Западен Балкан и ќе се разговара за безбедноста како клучен фактор за привлекувањето на нови СДИ. Притоа, ќе се презентираат и резултатите на анкетата за запознаеноста на јавноста со СДИ во Македонија, која носителот на овој проект Филип Ивановски ја спроведе во месец август.
По завршување на дискусијата, присутните ќе имат можност за неформално коктел – дружење.
Би ни претставувало чест доколку дојдете и активно се вклучите во дискусијата!
За тие што сакаат да бидат дел но немаат можност да патуваат до Скопје, можат да се вклучат и да го следат настанот преку лајв стриминг на Фејсбук. Повеќе информации околу преносот во живо ќе бидат објавени неколку дена пред самиот настанот.
Говорници:
- Филип Ивановски – Мобилизатор на заедница кој врши мониторинг на Владата во делот на привлечени Странски директни инвестиции во Македонија
- Давид Салтамарски – Докторант на економски студии на Универзитетот “Климент Охридски” Битола, посетувал мастер студии на Карловиот Универзитет во Прага, Чешка
- Стерјо Папули – Магистер по економска дипломатија на Академијата за економија во Букурешт, Романија и поранешен практикант во Амбасадата на РМ во Букурешт
- Кристијан Мицевски – Политиколог по глобална и американска политика на Универзитетот во Лондон, претставник на бизнис секторот во Обединетото Кралство
Модератор:
- Стефан Василевски, модератор со долгогодишно искуство во областа на креирање на политики во младинскиот сектор, здравството и меѓународните односи
*Настанот ќе биде организиран според сите протоколи и ограничувања за заштита и безбедност од Ковид 19 и ќе биде наменет за публика од 25 луѓе.
**Работен јазик на тркалезната маса ќе биде македонскиот.