Јавна расправа со Дритон Демири и Омер Ајдини


Големина на фонт

На 12 септември во 18 часот, Дритон и Омер го одржиа нивната Јавна расправа во Зум платформата.

Нивната тема беше “Зајакнување на локалната поддршка за вработување и унапредување на вработливоста на младите.” Од направените истражувања се покажа дека студентите во нашата држава повеќе се фокусираат на општествените науки наместо на ИТ, математика, точни науки и сл. Тие сметаат дека ако инвестираме во создавање на центри или инкубатори каде што младите ќе можат да се обучуваат со вештини што му се потребни на пазарот, постои можност инвеститори од Европа или САД да дојдат и да инвестираат овде, на тој начин можеме да го намалиме бројот на невработени млади луѓе.

Во делот за дискусија, секој млад учесник го објасни своето гледиште и како овие места ќе им помагаат на младите да останат во нивниот роден град и да работат тука.

Секој коментар што го добија Дритон и Омер ќе им помогне во развивањето на нивниот документ за јавни политики и лобирање за тоа да добие место во партиската програма на локалните избори.

 

КОГА

од: 12-09-2020 18:00

до: 12-09-2020 19:00

КАДЕ

Zoom platform

Галерија

Останати настани

Модул 2 на Академијата за јавни политики – петта генерација: Младинско учество – застапеност, инклузија и демократска култура

Млади од политички партии

03-04-2026

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ И БАРАЊА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ Работилница за граѓански организации за следење на изборните ветувања и мерките на локалната самоуправа (2026/2027)

Млади од политички партии

03-04-2026

Модул 1 на Академијата за јавни политики - петта генерација: Основи: Избори и интегритет

Млади од политички партии

27-02-2026