Четврт вебинар со Академијата за јавни политики


Големина на фонт

Четвртиот и последниот вебинар на вториот Модул со Академијата за јавни политики се одржа на 17 јуни.

Освртот на претходниот вебинар сега е рутина за нас и се обидуваме да го примениме во секоја сесија, како што направивме и во оваа. Разговаравме за тоа како треба да се креира краток документ за политики во програмите на политичките партии пред да продолжиме на темата на овој вебинар:  “Лобирање за интегрирање на кратки документи за политики во партиски програми “.

Исто така разговаравме за тоа каде треба да се стават кратките документи за политики во програмите на политичките партии, како можат политичките подмладоци да бидат вклучени во овој процес и од која причина треба да ги создадеме овие документи.

Користејќи органограми, секој учесник се обидуваше да ја дефинира структурата на својата политичка партија и како тие органи функционираат.

На крајот од вeбинарот, се обидовме да направиме преглед на целиот модул и да го искажеме нашето искуство преку овој онлајн процес.

 

 

КОГА

од: 17-06-2020 18:00

до: 17-06-2020 20:00

КАДЕ

Галерија

Останати настани

Работилница со ПИАЦ СДСМ: Подобрување на истражувачките и аналитичките капацитети на вработените во Центарот за истражување и анализи

Млади од политички партии

20-12-2024

Академија за јавни политики, четврта генерација: Модул II

Млади од политички партии

13-12-2024

Работилница за комуникација на политики на локално ниво, ПИАЦ БДИ/ДУИ

Млади од политички партии

29-11-2024