Во Владината програма се вели дека Владата ќе воведе комунална полиција под надлежност на локалната самоуправа која ќе има законски овластувања да обезбедува ред во нашите општини и Град Скопје. Оваа иницијатива ќе ги информира граѓаните за ова владино ветување и за важноста на неговото исполнување. Тоа ќе се направи преку организирање дискусии на тркалезна маса со граѓани, како и со релевантни институции и претходно идентификувани сојузници (Факултет за безбедност – Скопје). Иницијативата ќе опфати и друго ветување на Владата, односно зголемување на бројот на инспектори за животна средина. Покрај дискусиите, иницијативите вклучуваат и организација на уметничко шоу / изложба на фотографии со диви депонии во општина Радовиш што ќе бидат поставени пред Центарот за култура во Радовиш, со цел што повеќе граѓани да бидат запознаени со проблемот и ветувањето на Владата.
Резултатите ќе бидат објавени на социјалните медиуми, но и визуелизирани преку кратко видео.
Целта на оваа иновативна иницијатива е преку уметност (изложба на фотографии со диви депонии) да се укаже на потребата од исполнување на владините ветувања за двојно зголемување на бројот на инспектори за животна средина и формирање комунална полиција.
Имплементатор
Иван Ристов