Иницијативата ќе ги процени изгледите за развој на одржливи „зелени“ политики во Општина Кичево. За целите на оваа иницијатива, ќе се спроведат квалитативни и квантитативни истражувачки методи за мапирање на проблемите и изнаоѓање на решенија за интегриран пристап кон решавање на долгогодишните проблеми во една од најзагадените општини во државата. Резултатот ќе биде стратешки пристап кон сите засегнати страни за приоритетизирање на зелените политики и вклучување на ова прашање како врвен приоритет во дискусиите со оглед на претстојните локални избори.
Имплементатор
Давор Михајлоски