Town Hall Discussion


Големина на фонт

Состојбата со пандемијата не влијаеше многу врз нас. Се прилагодивме на новонастанатата состојба со тоа што ја сменивме формата на организираните активности и од физички ги префрливме на интернет.

Со задоволство ја споделуваме со вас информацијата за спроведените Town Hall Discussion кои беа организирани од нашите мобилизатори на заедницата.

Мобилизаторите на заедницата се поделени во три групи:

  • Економија и невработеност / Здравство;
  • Човекови права и ранливи категории;
  • Образование.

Првата дискусија се одржа на 23 јуни, на платформата Зум со групата за Економија и невработеност / Здравство. Мобилизаторите на заедницата пред присутните ги презентираа мерките на техничката влада што ги следеа. Мерките беа владина реакција за справување со последиците од Ковид-19 кризата.

Низ дискусија, презентации и видеа, тие го објаснија процесот на собирање податоци за мерките што ги следеа. Особено сме среќни и задоволни од покажаниот интерес и прашањата на публиката, што направи овој настан да биде успешен.

Придружете ни се на следните две Town Hall Discussion на 26-ти и 29-ти јуни на платформата Зум.

За повеќе информации, следете нè на нашата Фб страница – Support to Electoral Reforms.

КОГА

од: 23-06-2020 18:00

до: 23-06-2020 19:30

КАДЕ

Галерија

Останати настани

Едукативна работилница со средношколци од ОСТУ „Гостивар“, Гостивар (Сектор за континуирани обуки при ДИК)

Мобилизатори на заедницата

30-04-2026

Едукативна работилница со средношколци од СОУ „Кочо Рацин“, Велес (Сектор за континуирани обуки при ДИК)

Мобилизатори на заедницата

28-04-2026

Едукативна работилница со средношколци од ДСЕУ „8 Септември“, Тетово (Сектор за континуирани обуки при ДИК)

Мобилизатори на заедницата

22-04-2026