Работилница за преглед на напредокот и взаемно учење за учесниците во Петтата генерација на Академијата за јавни политики: Зајакнување на иницијативите за јавни политики – Пишување, комуникација и застапување за промена во јавните политики
Големина на фонт
Работилницата е продолжение на практичниот дел од втората фаза на петтата генерација на Академијата за јавни политики и е осмислена да им помогне на учесниците да го увидат досегашниот напредок во работата на нивните иницијативи и подготовката на документите за јавни политики. Во текот на првиот ден фокусот ќе биде на размена на искуства и учење од досегашната работа, како и на практични аспекти од пишувањето документи за јавни политики. Вториот ден ќе биде посветен на тоа како поефективно да се комуницираат наодите и препораките и како да се застапуваат предложените решенија пред релевантните чинители и носителите на одлуки.
Работилницата ќе биде интерактивна и насочена кон практична работа, со можност да се продискутираат предизвиците со кои се соочуваат учесниците, да се разменат идеи со другите учесници и да се добијат насоки за следните чекори во развивањето на иницијативите и документите за јавни политики.
КОГА
од: 31-10-2026 10:00
до: 01-11-2026 14:30
КАДЕ
Хотел Меркур, Тетово / Hotel Mercure, Tetovo
