Изградба на спортска сала во ООУ „Кузман Јосифовски Питу„ во општина Кисела Вода

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Не

Во буџетот нема заведено дека се алоцирани буџетски средства за оваа намена. Оваа активност на општината е во соработка со Министерството за образование и наука и Владата. Во буџетот на општината немаше ставка која предвидува финансии за оваа мерка.

Состанок со општински претставници 01 април 2026

писмена потврда на електронска пошта од советник во општината 05 мај 2026 година

буџетот на општината (https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2026/02/budzet-2026.pdf)

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Не

Евротинк испрати Барање за информации од јавен карактер до општина Кисела Вода каде беа побарани информации во врска со јавните набавки, но сеуште не е добиен одговор. Не се достапни други јавни податоци.

Проектен тим

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не

Евротинк испрати Барање за информации од јавен карактер до општина Кисела Вода на кое се чека одговор.

Проектен тим

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Да

Реализацијата на мерката е во напредна фаза. Поставени се темелите и столбови, тоа се увиде преку теренска посета од тимот на Евротинк составен од 2 набљудувачи, при што се направени и фотографии од истото.

Состанок со општински претставници одржан на 01 април 2026 година

Потврда на електронска пошта од општински претставник добиен  05 мај 2026 година

Теренска посета од набљудувачите на Евротинк реализирана на 15 мај 2025 година.

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Не

Општината нема објави за имплементирање на оваа мерка, споделени се само информации на социјалната мрежа Фејсбук на градоначалничката.

(20+) ⚽️🏀Нова спортска сала за новата... - Бети Стаменкоска Трајкоска | Facebook

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Не

Евротинк до сега нема добиено одговори на барањата за информации од јавен карактер, но беше контактиран со претставник на општината дека ќе се дадат одговори на истите,

Контакти со претставници од општината

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Да

Евротинк одржа состанок со двајца претставници од општината (советници). Бевме контактирани од нивна страна откако ги добиле нашите барања за информации од јавен карактер. Состанокот беше одржан во месец април, во просториите на општината, при што тимот на Евротинк со 3 члена, 2 набљудувачи и координаторот, доставија листа на активности за кои се интересираме на што добивме позитивен одговор дека ќе бидеме во комуникација, но комуникацијата до сега се темели само на една електронска од едниот советник. Потоа, при обид да се стапи во комуникација, не се добил никаков одговор,

Состанок со општински претставници 01 април 2026

комуникација преку електронска пошта на 05 мај 2026 

телефонски контакти

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Не

Евротинк нема добиено никакви информации за тоа дали граѓаните се вклучени во одлуките поврзани со реализација на младинскиот културен центар. Сеуште чека на одговор на барање за информации од јавен карактер.

Проектен тим

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Не

Евротинк нема добиено никакви информации за тоа дали граѓаните иницирале учество се во одлуките поврзани со реализација на младинскиот културен центар. Сеуште чека на одговор на барање за информации од јавен карактер.

Проектен тим

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Да

Нема информации з аодржани јавни форуми од општината.Евротинк одржа 2 состаноци со младински граѓански организации кои се регистрирани на територија на општината. Двата состаноци поминаа во одлична атмосфера, се разменија повеќе контакти, како и искуства во соработката со општината. Се потенцираше нивна поддршка и соработка во текот на времетраењето на мониторингот. Планиран состанок со подмладоците на политичката партија Левица.

 

Состаноци со 2 младински организации на територија на кисела вода (на 1 јули и 6 јули 2026 година).

Записник од состаноците, фотографии.

телефонска комуникација, комуникација преку социјални медиуми, мејлови.

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не

Нема таква опција која се однесува на мерката, но има копче за општи прашања

Веб страната на општината, социјалните медиуми на општината

3.3.3Отворени денови на општината Не

Нема јавно достапни информации за ова, ниту одговор во електронска порака од претставник на општината. Доставено е барање за информации од јавен карактер на кое чекаме одгвовор.

Проектен тим

Се спроведуваат активности
3 од 12 критериуми исполнети (25%)
Општина Кисела Вода
Организација Здружение на граѓани за истражување, анализа и креирање политики „Евротинк – Центар за европски стратегии“ - Скопје