Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на реализацијата на изборното ветување поврзано со „Подобрено собирање на цврст отпад во општина Тетово“. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: теренски посети на населби и локации со препознатлива нечиста животна средина; јавни дебати со засегнати чинители и носители на одлуки; дисеминација на информации и подигнување на свеста преку социјалните мрежи како што се Фејсбук и Инстаграм, итн.
Темата на локалниот мониторинг е начинот на управување со отпадот и неговата селекција во Тетово.