Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување поврзано со проектот „Подобрено собирање на цврст отпад во општина Боговиње“. Тоа ќе вклучува и активности кои ќе придонесат за зголемување на свеста на граѓаните за почиста животна средина. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: теренски посети на населби и локации со видлива нечиста средина; јавни дебати со засегнати чинители и носители на одлуки; објавување на наодите од мониторингот на социјалните мрежи (ФБ, Инстаграм итн.); спроведување анкети за состојбата на животната средина во општината итн.
Темата на локалниот мониторинг е начинот на управување со отпадот и неговата селекција во Боговиње.