Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на изборните ветувања на градоначалникот поврзано со „Создавање на модерен и урбан простор за задоволување на потребите на постарото население во општина Кавадарци“ Ова ветување е наведено во програмата на општина Кавадарци за 2022 година. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: воспоставување канали за комуникација со засегнатите страни во врска со ветувањето; истражување и дисеминација на резултатите од истражувањето преку социјалните и традиционалните медиуми; јавни дискусии со засегнатите страни и слично.
Темата на локалниот мониторинг се подготвителните активности кои ги превзема општината за изградба на дом за стари лица во современи услови со што ќе ги задоволи потребите за достоинствен живот на старите лица во Кавадарци.