Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување поврзано со „Зголемена транспарентност и отчетност на локалната самоуправа преку охрабрување на јавната дебата и вклучување на младите во донесувањето одлуки“. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: онлајн кампања за вршење притисок врз локалните власти; јавни дебати; подигнување на свеста преку видеата што се споделуваат на социјалните и традиционалните (ТВ, радио) медиуми и слично.
Темата на локалниот мониторинг е реосновање на локален младински совет во општина Гостивар.