Оваа иницијатива ќе придонесе кон создавање култура на инклузивност во Општина Аеродром, преку креирање и спроведување на заеднички предлози за инклузивни локални политики. Иницијативата ќе вклучува фокус групи со родители и персонални асистенти / наставници на лица со попреченост кои ќе ги идентификуваат локалните проблеми и можните решенија за бариерите за социјална инклузија, алатките и политиките што ќе ги спроведува локалната администрација, консолидирани на јавна дискусија. Собраните информации од сите засегнати страни ќе бидат инкорпорирани во Документ за јавни политики и симулативна брошура, којашто ќе им биде презентирана на сите засегнати страни. На овој начин, лицата со попреченост, нивните семејства, помошниот и едукативен персонал, општинските власти и пошироката јавност ќе имаат модел за инклузивен и одржлив дијалог и партијата ќе има модел за инклузивност што ќе се рефлектира во партиската програма во општа смисла, но и за претстојните локални избори.