ЦЕД Теарце: Младите од Тетово ќе ги детектираат и пријават загадувачите на животната средина

Иновативни иницијативи - мобилизатори на заедницата, Мобилизатори на заедницата, Работилници и обуки

На еднодневната обука за младински активизам што ја организираше Центарот за едукација и развој (ЦЕД) учествуваше 21 младо лице од Тетово. Обуката се одржа на 27.12.2022 година во конференциската сала на РЦСОО Моша Пијаде како дел од проектот „Активни млади низ транспарентна општина“. Таа им овозможи на младите да ги подобрат вештините во детектирање и пријавување загадувачи на животната средина.

Идејата за обуката беше да се стимулира младинскиот активизам од еколошки аспект. Младите се поканети во следните два месеци да ги детектираат загадувачите на животната средина и да ги пријават на официјалната веб-страница на општина Тетово – Тетово еко извештај или Е-репорт. Организаторите очекуваат официјалните еколошки институции да реагираат на пријавите.

„Обуката ни овозможи подобро да се запознаеме со техниките на младински активизам, да бидеме посвесни од еколошки аспект и да бидеме совесни граѓани“, нагласи Фестина Мустафа, мобилизаторката на заедницата. „Откривањето и пријавувањето потенцијални загадувачи е навистина важно, не само за нас, туку и за целиот град. Свеста за чиста еколошка средина мора да започне од нас“, рече Мухамет Усеини, учесник на обуката.

Центарот за едукација и развој ќе продолжи со своите активности и по откривањето на загадувачите, се очекува тие да бидат дел од изложбата и јавно да се покаже кои се главните загадувачи во Општина Тетово.

Спроведувањето на обуката е овозможено со проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Галерија