Во согласност со тековните активности за следење на политичките ветувања и остварувања, во рамките на кои 25 граѓански организации (ГО) активни низ целата земја ги следат изборните ветувања на политичките партии и нивното спроведување од страна на Единиците на локалната самоуправа, проектот ја прошири својата мрежа за следење со 10 (десет) дополнителни ГО кои ќе спроведуваат активности за мониторирање и дисеминација врз основа на изборните ветувања на ниво на локална власт. Тие граѓански организации се следните:
| ГО: | Активност: | Општина: |
| Здружение Радика ДЕ | Помош и грижа за стари лица и лица со попреченост | Центар Жупа |
| Младински културен центар | Енергетски ефикасна општина | Демир Хисар |
| Моја фарма | Изградба на противпожарна станица во Градец | Врапчиште |
| Здружение за значење на еколошкото образование за осовременување на образовниот процес ЗЕОООП | Кон зголемена инклузија | Аеродром |
| Балканска водна мрежа | Борбата против менструалната сиромаштија – неисполнето изборно ветување | ГРАД СКОПЈЕ |
| Совет за локален економски развој ДЕЛФИ | Одговорноста како карактеристика на доброто владеење на локално ниво | Маврово и Ростуше |
| Организирана асоцијација на младите
|
Подобар пат – полесен живот за селото Галате | Врапчиште |
| Интеркултура | Спортско рекреативен центар – Го сакам Бутел | Бутел |
| Младинска асоцијација ИМКА | Мониторирање на локалните изборни ветувања | Битола |
| Ековита | Еко лупа | Неготино |
Во однос на регионалната покриеност на активностите што треба да ги преземат овие ГО, мониторирање е распределен во пет региони, и тоа како што следува: Пелагониски регион (2 активности), Полошки регион (3 активности), Скопски регион (3 активности), Југозападен регион (1 активност) и Вардарски регион (1 активност).
