Предизвици на политичкото финансирање и платеното политичко рекламирање во дигиталната ера

Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси, Настани

Во Државната изборна комисија се одржа настан на тема „Предизвиците на политичкото финансирање и платеното политичко рекламирање во дигиталната ера – како да се унапредат транспарентноста и отчетноста?“, со поддршка од Изборната програма за поддршка.

Во рамки на настанот, д-р Магнус Оман од ИФЕС одржа презентација посветена на меѓународните искуства, добрите практики и современите предизвици поврзани со политичкото финансирање и платеното политичко рекламирање во дигиталната ера.

По презентацијата следеше дискусија со учесниците за предизвиците и можностите за унапредување на транспарентноста и отчетноста во оваа област, како важни елементи за зајакнување на интегритетот на изборниот процес.

Активноста беше дел од континуираната соработка со Државната изборна комисија и поддршката на напорите за следење на современите трендови и примена на релевантни меѓународни искуства и практики во изборните процеси.

Галерија