Презентација на извештајот за Учество во избори на лицата со попреченост

Јавни настани

Проценката на учеството во изборите на лицата со попреченост и изборната администрација во Северна Македонија нуди анализа и препораки за учеството во изборите на лицата со попреченост во контекст на активностите на изборната администрација.

Истражувањето е резултат на соработката на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во рамките на проектот за Поддршка на изборните реформи во Западен Балкан, финансиран од Европската унија и Австриската агенција за развој, и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во рамките на проектот Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија, на Владата на Швајцарија, и истото беше спроведено во периодот од ноември 2021 до август 2022 година.

Проектот на ОДИХР за Поддршка на изборните реформи во Западен Балкан е финансиран од Европската Унија и Австриската агенција за развој.

 

Галерија