Обуки за развој на капацитетите за вработени во јавни институции

Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси, Работилници и обуки

Изминатата недела, во рамките на Швајцарската програма за поддршка на изборите, реализиравме серија еднодневни обуки за практична примена на дигитални алатки и вештачка интелигенција со вработени во Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Обуките беа насочени кон зајакнување на капацитетите на институциите за поефикасно извршување на секојдневните работни задачи преку користење на современи дигитални решенија. Учесниците се запознаа со практични можности за примена на AI-алатки во истражување и обработка на информации, подготовка и анализа на документи, комуникација и управување со работните процеси. Посебен акцент беше ставен на тоа како овие алатки можат да придонесат за поголема ефикасност на работата и унапредување на институционалните капацитети.

Им благодариме на институциите за отвореноста за соработка, како и на сите учесници за активното учество и споделените искуства.

Галерија