Активности за јакнење на капацитетите со Центарот за истражување и анализи на СДСМ: Ефикасна употреба на дигитални и алатки на вештачка интелигенција во процесите на политичките партии

Истражувачки и аналитички центри, Настани, Политички Партии

Истражувачко-аналитичкиот центар на СДСМ и ИФЕС успешно реализираа серија активности за јакнење на аналитичките, организациските и стратешките капацитети. Во текот на неделата, учесниците беа вклучени во комбинација од обуки, консултации и практична размена на искуства, насочени кон модернизација на внатрешните партиски процеси преку практична примена на дигитални и алатки поддржани со вештачка интелигенција. Оваа иницијатива, реализирана со поддршка на меѓународен консултант, имаше за цел да претстави практични пристапи и решенија кои можат да ја поддржат секојдневната работа на партиските кадри ангажирани во истражување и анализа, креирање политики и комуникации. Фокусот беше ставен на конкретни и лесно применливи алатки кои можат да придонесат за поголема ефикасност во работата, подобро донесување одлуки засновани на докази, унапредување на комуникациските процеси и намалување на времето потребно за извршување на секојдневни и  репетитивни административни задачи.

Оваа активност е дел од континуираните активности на Швајцарската програма за поддршка на избориоте во насока на зајакнување на истражувачките и аналитичките капацитети на политичките партии и придонес кон поинформирани, поодговорни и граѓанско-ориентирани политички процеси.

Галерија