Оваа 2И одговара на идентификуваната потреба за формирање на Младински центар во општина Желино. Иницијативата ќе ги испита ставовите на граѓаните (преку истражување и анализа) за потребата од ваков центар и ќе го олесни создавањето на работна група на заинтересирани страни за развој на документ за потребата од Центар за млади, неговите клучни функции и содржина/програма кои Центарот би можел да ги понуди. Откако документот ќе биде изработен, тој ќе биде дополнително промовиран и дискутиран со пошироката јавност преку отворена дебата. Ќе се изработи информативно видео за целата иницијатива за формирање на младински центар. Видеото ќе биде дистрибуирано до локалните ТВ станици и на социјалните медиуми и ќе ја зголеми јавната свест и ќе одговори на потребите.