Subject: 65
”1) Програма на Влада 2021-2024: Модерна и ефикасна администрација: повеќе систем, помалку бирократија – Со воведување на Електронски систем за автоматизација на административни постапки БПМС
секоја работна задача кон вработените ќе се задава јасно и прецизно со можност во реално време
да се следи нејзиното извршување, со што ќе се зголеми ефективноста и отчетноста за работата, а
унапредувањето и наградувањето ќе се базира на реални показатели и придонес. Владата планира
до крајот на 2021 година да воведе БПМС систем, во најмалку 30% од органите на државната
управа, а до крајот на 2024 година системот ќе биде воведен во сите органи на државната управа. 2) Програма за 2021: Со воведување на Електронски систем за автоматизација на
административни постапки (еСДП) секоја работна задача кон
вработените кои спроведуваат управни постапки ќе се задава јасно и
прецизно со можност во реално време да се следи нејзиното
извршување. Владата на Република Северна Македонија планира до
крајот на 2021 година го воведе овој систем во најмалку 30% од
вкупниот број на органите на државната управа, а до крајот на 2024
година во сите органи на државната управа”