Subject: 22
• Ќе се воведе систем на задолжително финансирање на спомениците од Листата на
споменици од национален интерес, по принципот на категорија по вредност и степен на
загрозеност. Листата ќе биде отворена и во неа постојано ќе можат да се впишуваат нови
споменици од недвижното, движното и нематеријалното наследство.
• Ќе извршиме ревизија и бришење од регистарот на сите незаконски запишани
споменици и објекти од т.н. проект „Скопје 2014“, кои по својата природа не можат да
претставуваат културно наследство.
• Ќе поддржиме развој на културните и креативните индустрии врзани со производи на
традиционалната култура со вклучување на аматерските фолклорни организации кои го
негуваат традиционалното творештво.