Subject: 14
Владата ќе продолжи да инвестира во научно-технолошкиот парк кој започна со операции во март 2019 година со цел тој да биде целосно функционален во 2025 година. Во поранешното „Македонско село“ (сопственост на државата) Владата ќе формира „Старт-ап село“ (Start-up Village) кое ќе нуди шанса за многу млади од земјава и странство да отворат бизнис без потреба од плаќање на режиски трошоци. Истото искуство ќе се примени во 5 града со можности за co-working во на посебни државни локации.