Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:Целта ќе ни биде да инвестираме во подобро опремени училишта (наставен материјал, лаборатории и слично) и помали одделенија (до 20 деца во одделение).
Мобилизатор: Анастасија Бошкоска- Индикатор 1. Број на училишта од вкупниот број основни училишта во Прилеп кои извршиле реновирања во текот на месецот
Во кварталниот период октомври -декември 2020 г. од вкупно 7 основни училишта сите добиле потврда од општина Прилеп за одобрено реновирање. 5 училишта извршиле реновирање на инвентарот.
- Индикатор 2. Број на училишта кои ги надградиле лабораториите или направиле нови
3 училишта ги надоградиле или изградиле нови лабаратории. Некои училишта за кои во моментот нема точна бројка веќе го направиле тоа претходно.
- Индикатор 3. % на одобрени вработувања на наставници од вкупно побараните
Во кварталниот период октомври - декември 2020г. објавени се огласи за вработување на наставници на определено време во сите 7 училишта. Покрај за наставници објавени се огласи за врабтоување на специјален едукатор.
- Индикатор 1. Број на училишта од вкупниот број основни училишта во Прилеп кои извршиле реновирања во текот на месецот
-
Извадок од програма на Влада:Изградбата на училиште во Мала Речица.
Мобилизатор: Рамадан Муртезани- Индикатор 1. Износ на одобрени средства од Владата/МОН до општината за изградба на ОУ Наим Фрашери
Износот на вкупната инвестиција за училиштето Наим Фрашери изнесува 86,34 милиони МКД.
- Индикатор 2. Износ или одлука за алоцирани средства од буџетот на МОН за изградба на ОУ Наим Фрашери во 2021
Заклучно со декември 2020 не се добиени информации за износот на алоцирани средства за 2021.
- Индикатор 3. Временски рок за изградба утврден со план и потпишан договор со избрана фирма
Изградбата започнала во јуни 2020 година, а согласно потпишаниот договор со изведувачот треба да заврши до јуни 2021 г.
- Индикатор 1. Износ на одобрени средства од Владата/МОН до општината за изградба на ОУ Наим Фрашери
-
Извадок од програма на Влада:Ќе донесеме Национална стратегија за дигитализација на образованиот систем. Со тоа ќе ја дефинираме и озакониме наставата од далечина како можно алтернативно решение за учење со примена на средствата за електронска комуникација без физичко присуство на чинителите. Еден владин тим целосно ќе се посвети на развојот на дигитални форми и содржини во образованието. Со помош на домашните програмерски куќи и поддршка од информатичко-техничките факултети ќе креираме централна национална платформа со двонасочна комуникација, база со примери на добри пракси, наставни планови и програми, електронски учебници, електронски портфолија на наставниците, електронско досие на учениците и сл., педагошка евиденција и документација која ќе биде user friendly за примена од страна наставниците, учениците и родителите, но и од образовните институции. Така ќе ја подготвуваме следната генерација за новото време и технологии, а воедно ќе имаме зголемен капацитет за справување со кризи од типот на последната пандемија.
Мобилизатор: Теа Цветановска- Индикатор 1.Број на примери на споделени добри пракси за средно образование
Врз основа на одговорот на барањето за пристап до информации од јавен карактер МОН не располага со оваа информација.
- Индикатор 2.Број на предмети кои се опфатени со наставните планови и програми и поставени на платформата
Врз основа на одговорот на барањето за пристап до информации од јавен карактер МОН не располага со оваа информација.
- Индикатор 3.Број на воведени електронски учебници
Врз основа на одговорот на барањето за пристап до информации од јавен карактер МОН не располага со оваа информација, односно е известено дека секој професор си споделува соодветни материјали со своите ученици (презентации,видеа, делови од учебник итн)
- Индикатор 4.Број на електронски портфолија на наставници
Врз основа на одговорот на барањето за пристап до информации од јавен карактер има 28 360 наставници регистрирани на платформата
- Индикатор 5.Број на електронски досиеа на ученици
Врз основа на одговорот на барањето за пристап до информации од јавен карактер 258 000 ученици од основните и средните училишта се регистрирани корисници на платформата, а согласно изјвата на Министерката 90.2% од вкупниот број ученици следат онлајн настава.
- Индикатор 1.Број на примери на споделени добри пракси за средно образование