Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:"1) Програма на Влада 2021-2024: Модерна и ефикасна администрација: повеќе систем, помалку бирократија - Со воведување на Електронски систем за автоматизација на административни постапки БПМС секоја работна задача кон вработените ќе се задава јасно и прецизно со можност во реално време да се следи нејзиното извршување, со што ќе се зголеми ефективноста и отчетноста за работата, а унапредувањето и наградувањето ќе се базира на реални показатели и придонес. Владата планира до крајот на 2021 година да воведе БПМС систем, во најмалку 30% од органите на државната управа, а до крајот на 2024 година системот ќе биде воведен во сите органи на државната управа. 2) Програма за 2021: Со воведување на Електронски систем за автоматизација на административни постапки (еСДП) секоја работна задача кон вработените кои спроведуваат управни постапки ќе се задава јасно и прецизно со можност во реално време да се следи нејзиното извршување. Владата на Република Северна Македонија планира до крајот на 2021 година го воведе овој систем во најмалку 30% од вкупниот број на органите на државната управа, а до крајот на 2024 година во сите органи на државната управа"
Мобилизатор: Елена Ридова- Индикатор 1) Број на органи на државната управа.
Вкупно има 86 органи на државната управа.
- Индикатор 2) Број на органи на државната управа во кои е воведен електронски систем.
Електронски систем е воведен во 8 органи на државната управа.
- Индикатор 3) Процент на органи на државна управа во кои е воведен електронски ситем
Вкупно 9.3% од органите на државната управа имаат воведен електронски систем.
- Индикатор 4)Број на административни постапки кои се автоматизирани во секој од органите на државната управа
Во МОН вкупно 8 административни постапки, а во МТСП вкупно 11 административни постапки.
- Индикатор 1) Број на органи на државната управа.
-
Извадок од програма на Влада:"ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2020-2024 Модерна и ефикасна администрација: повеќе систем, помалку бирократија, стр 37. параграф/точка (6) Еден Центар за услуги (ЕЦУ) во секој град по примерот на ЕЦУ во Скопје. Сега фокус ќе ни се десетте најбарани услуги од страна на граѓаните, од кои еден дел ќе финишираат со целосно електронски продукт (на пр. уверенијата од матичните книги). Програма на Влада 2021 година, месец Јуни, иницијатива со среден приоритет стр 329 Стратегијата за РЈА 2018 – 2022 година. 4.2.5. Воведување на центри „Една точка за услуги“ ‐ намалување на точките за контакт помеѓу корисниците на услуги и институциите преку воведување центри „Единствена точка на услуги“ (""Single Point of Services""), анализа на искуствата од пилот проектот и додефинирање на концептот, како и постепено зголемување на бројот на услугите кои се нудат на овој начин стр 56. "
Мобилизатор: Нергин Сејфовски- Индикатор 1)Број на општини во кои се планира отворање на ЕТУ
Планирано е отворање на ЕТУ во сите општини до крајот на 2021.
- Индикатор 2)Број на ЕТУ кои се отворени
Отворени вкупно 5 ЕТУ во општините: Битола, Тетово, Скопје, Охрид и Куманово.
- Индикатор 3)Број на услуги кои се нудат во ЕТУ
ЕТУ во Тетово дава 62 директни и 60 индиректни услуги. ЕТУ во Куманово дава 63 директни услуги. ЕТУ во Охрид дава 55 директни услуги. ЕТУ во Битола дава 53 директни услуги.
- Индикатор 1)Број на општини во кои се планира отворање на ЕТУ