Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:• Ќе се воведе систем на задолжително финансирање на спомениците од Листата на споменици од национален интерес, по принципот на категорија по вредност и степен на загрозеност. Листата ќе биде отворена и во неа постојано ќе можат да се впишуваат нови споменици од недвижното, движното и нематеријалното наследство. • Ќе извршиме ревизија и бришење од регистарот на сите незаконски запишани споменици и објекти од т.н. проект „Скопје 2014“, кои по својата природа не можат да претставуваат културно наследство. • Ќе поддржиме развој на културните и креативните индустрии врзани со производи на традиционалната култура со вклучување на аматерските фолклорни организации кои го негуваат традиционалното творештво.
Мобилизатор: Весна Цветаноска- Индикатор 1. Број на споменици внесени во системот за задолжително финансирање на спомениците од Листата на споменици од национален интерес "
Нема одговор на доставеното БИЈК
- Индикатор 2. Број на новозапишани споменици во системот за задолжително финансирање
нема информација
- Индикатор 3. Број на нови креативни центри и инкубатори (се прибираат податоци за намената на креативните центри и инкубатори односно какви активности ќе се изведуваат во истите, локацијата каде се отворени, кога се отворени, од кого се поддржани - државен буџет, донатори) "
нема информација
- Индикатор 1. Број на споменици внесени во системот за задолжително финансирање на спомениците од Листата на споменици од национален интерес "
-
Извадок од програма на Влада:"Владата ќе продолжи да ја имплементира Стратегијата за меѓуетничка интеграција и граѓанска вклученост и ќе воведе годишна награда за најдобра идеја/проект со кој ке се развива концептот еднакво општество за сите "
Мобилизатор: Јалчн Неџипов- Индикатор 1.Број на општини кои имаат формирано комисии за меѓуетничката интеграција во образованието
12 општини (Дојран, Радовиш, Чашка, Маврово и Ростуше, Дебар, Богданци, Штип, Кичево, Карпош, Битола, Василево и Желино) имаат формирано работни групи комисии, 3 општини ( Шуто Оризари, Студеничани и Кисела Вода) се во процес на формирање комисии/работни групи. 3 општини имаат донесени стратегии за меѓуетничка интеграција (Кочани, Берово, Велес), 4 општини ( Дојран, Радовиш , Чашка, Штип и Василево) се во напредна фаза на изготвување на стратегиите. Општина Кичево и Карпош работат на подготвка на стратегиите.
- Индикатор 2.Број на основни училишта кои добиле грантови од МОН за меѓуетничка интеграција
70 основни и 23 средни училишта добиле грантови за меѓуетничка интеграција. 7 средни училишта од Скопје спроведуваат наставни часови по различни изборни предмети.
- Индикатор 3. Висина на средства во МКД кои им се доделени на основните училишта за спроведување на проекти за меѓуетничка интеграција
Од 2016 - 2017 доделени се вкупно 12.480.000 МКД, за вкупно 314 грантови на основни и 102 грантови на средни училишта. Износот на еден грант е 30.000 МКД.
- Индикатор 1.Број на општини кои имаат формирано комисии за меѓуетничката интеграција во образованието
-
Извадок од програма на Влада:"Предлог - одлука за давање на согласност на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2021 година 1) За да се надминат слабостите од првата фаза на децентрализацијата ќе извршиме зголемување на блок дотациите за да ги покриваат сите реални потреби на локалната установа, средствата за тековно и материјално одржување на установите, за нови инвестиции, а со цел подобрување на состојбата на објектите на локалните установи во културата и нивната функционалност"
Мобилизатор: Лилјана Танчева- Индикатор 1.Вкупен буџет наменет за 5те институции (расчленет за секоја институција посебно, односно да се прибере информација за буџетот наменет за секоја институција)
Вкупен буџет за петте институции -24.000.000денари 1. Проектно техничка документација за реконструкција на објект НУ Центар за култура Антон Панов – Струмица – 5.500.000 денари 2. Проектно техничка документација за реконструкција на објект Мала станица на Национална Галерија Скопје – 5.500.000 денари 3. Изведување завршни работи за објект Театар во Велес- 3.000.000 4. Изведба на Дополнителни системи за ладење во технички простории во Национална Филхармонија – 4.000.000 денари 5. Проектно техничка документација за реконструкција на објект НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје – 6.000.000 денари
- Индикатор 2.Процент на реализација на буџетот за секоја од институциите на квартално ниво
нема потрошени средства
- Индикатор 3.Опфат и тек на планираните активности за секоја инситуција посебно
Министерството за култура има објавено 3 (три) јавни набавки за сите институции кои се предмет на овој мониторинг. - За Национална Филхармонија е објавена повторна јавна набавка за поставување системи за ладење, по критериум „најниска цена“; - За Театар Велес е објавена јавна набавка за изведба на завршни градежни работи, по критериум „најниска цена“ - За останатите три институции – Музеј на Македонија, Објект Мала станица и Центар за култура Антон Панов Струмица е објавена јавна набавка за изведувач на проектно техничка документација со вклучена ревизија, по критериум „најдобар сооднос на цена и квалитет„ Формирана е работна група која треба да ги утврдува проектно техничките документации за објектите.
- Индикатор 1.Вкупен буџет наменет за 5те институции (расчленет за секоја институција посебно, односно да се прибере информација за буџетот наменет за секоја институција)
-
Извадок од програма на Влада:Ќе продолжиме со инвестиции во културната инфраструктура при што во неколку града ќе формираме Младински културни центри, како специјализирани институции кои ќе ги развиваат културните потреби на младите луѓе, со цел да го подобриме квалитетот на нивниот живот да ги задржиме во земјата. Зависно од потребите тоа ќе бидат мултимедијални центри со простори за повеќе намени: кино сала, театарска сцена, сцена за концерти, изложбен салон, куглана, бифе или бизнис-кафе простор итн.
Мобилизатор: Софија Стојановска- Индикатор 1. Број на младински центри за кои се предвидени 2000000 денари во буџетот за 2021
Поднесени БИЈК, не е добиена информација
- Индикатор 2. Број на општини кои планираат да ги започнат постапките за центрите во 2021 година);
Отоврен Младинскиот центар „Матично„, нема податоци за други општини во кои се планирани МКЦ.
- Индикатор 3. Опфат и тек на процесот на за отворање младински центри во Куманово, Велес, Битола и Кавадарци за е кои беа предвидени во 2020 година
Во три од четирите центри за кои беа алоцирани средства уште во 2020 и истите се префрлени во 2021 година има отпочнати постапки за опремување или се прават подготвки за отворање.
- Индикатор 1. Број на младински центри за кои се предвидени 2000000 денари во буџетот за 2021
-
Извадок од програма на Влада:"Културното наследство ќе игра клучна улога во нашите политики. Тоа го засилува чувството на припаѓање, на споделување заеднички вредности и традиции. Ја застапуваме европската идеја дека културното наследство е заеднички ресурс, кој ја подига свеста за нашата заедничка историја, која нè обединува како граѓани, но и нè легитимира пред европското семејство на држави, активно придонесувајќи во целокупниот европски идентитет. Информацијата за реализација на Проектот „Конзерваторско реставраторски работи на Аквадуктот во Скопје“, Владата ќе се информира за тековните активности во насока на соодветен третман во областа на заштитата на Аквадуктот во Скопје. "
Мобилизатор: Деспина Ковачевска- Индикатор 1.Број на фази за спроведување на реставрацијата
Не е добиена информација
- Индикатор 2.Број на фази за спроведување на реставрацијата во 2021 година
Не е добиена информација
- Индикатор 3.Број на спроведени активности за реставрација во 2021
Отпочната јавна набавка за првата фаза
- Индикатор 4.Процент на реализација на планираните активности во 2021 година
Податоци ќе се прибираат од како ке отпочнат активностите
- Индикатор 1.Број на фази за спроведување на реставрацијата
-
Извадок од програма на Влада:"Воведуваме родова еднаквост во спортот – 30% жени во органи на управување (собрание, УО, ИО) почнувајќи од 2020 година, а 50% до 2024.Федерациите кои добиваат финансиски средства од државниот буџет мора да обезбедат функционирање на машки и женски спорт, односно машки и женски спортски клубови и/или репрезентации. Информација за предлог - проект „Родова еднаквост во спортот“ Образложение: Воведуваме родова еднаквост во спортот – 30% жени во органи на управување (собрание, УО, ИО) почнувајќи од 2020 година, а 50% до 2024. Федерациите кои добиваат финансиски средства од државниот буџет мора да обезбедат функционирање на машки и женски спорт, односно машки и женски спортски клубови и/или репрезентации. Очекувани влијанија: Еднаква застапеност на жената во спортот во сите органи на управување, финансирање на проекти на националните спортски федерации за поддршка на учеството на жената во спортот, како во тренажниот процес, рекреативните активности, така и во насока на нејзино зголемено учество како тренер, судија или како креатор на работата на органите и телата во клубовите, федерациите и националните асоцијации. "
Мобилизатор: Мартин Николовски- Индикатор 1.Број на федерации финансирани од Буџетот на Република Северна Македонија
Според адресарот на националните спортски федерации што го води Агенцијата за млади и спорт, во Република Северна Македонија има вкупно 62 национални спортски федерации кои се корисници на средства од Буџетот на државата. (3,500,000 денари од Програма за распределба на средства од игри на среќа и забавните игри за 2021 година )
- Индикатор 2.Процент на жени кои се дел од органите на управување во федерациите во 2020 година
Најмал процент на жени има во риболовната федерација од 73 членови само една е жема односно 1,37%. Нјаголем процент на жени има во Танцовата спортска федерација 82,86%.
- Индикатор 3.Процент на жени кои се дел од органите на управување во федерациите во 2021
Подобрена состојба со вклученост на жените и тоа преку промени во органите на управување и во членството кај 5 федерации: Мечувалечка федерација, Национална спортска федерација на глуви, Пинг Понг федерација, ФФМ и Карате федерација.
- Индикатор 1.Број на федерации финансирани од Буџетот на Република Северна Македонија
-
Извадок од програма на Влада:"Согласно Законот за младинско учество и младински политики, член 23, Органите на државната управа, општините, општините во градот Скопје и град Скопје се должни да определат службеник за млади од редот на вработените."
Мобилизатор: Дарко Тошиќ- Индикатор 1. Број на службеници за млади определени во органите на државната управа
5 институции назначиле службеник за млади во периодот и тоа: АМСМ, Министерство за култура, Агенција за вработување, Министерство за транспорт и врски, Агенција за финансиска поддршка на замјоделството и руралниот развој
- Индикатор 2. Број на службеници за млади во општините
53 општини имаат назначено служебници за млади согласно информациите објавени на веб страницата на АМСМ во периодот на мониторинг април - јуни 2021.
- Индикатор 3.Процент на млади лица кои биле анкетирани и кои изјавуваат дека се запознати со позицијата службеник за млади и со неговите надлежности
Анектата се уште не е спроведена.
- Индикатор 1. Број на службеници за млади определени во органите на државната управа