Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:" • Ќе се воведе систем на задолжително финансирање на спомениците од Листата на споменици од национален интерес, по принципот на категорија по вредност и степен на загрозеност. Листата ќе биде отворена и во неа постојано ќе можат да се впишуваат нови споменици од недвижното, движното и нематеријалното наследство. • Ќе извршиме ревизија и бришење од регистарот на сите незаконски запишани споменици и објекти од т.н. проект „Скопје 2014“, кои по својата природа не можат да претставуваат културно наследство. • Ќе поддржиме развој на културните и креативните индустрии врзани со производи на традиционалната култура со вклучување на аматерските фолклорни организации кои го негуваат традиционалното творештво. "
Мобилизатор: Весна Цветаноска- Индикатор 1. Систем на задолжително финансирање на спомениците од Листата на споменици од национален интерес, по принципот на категорија по вредност и степен на загрозеност
Не постои систем на задолжително финансирање на спомениците од листата на споменици од национален интерес. Во националниот систем за заштита на културното наследство, со членовите 32 и 43 од законот за заштита на културното наследство е востановен специфичен споменичко – правен институт – Прогласување културно наследство во опасност.
- Индикатор 2. Ревизија и бришење од регистарот на сите незаконски запишани споменици и објекти од т.н. проект „"Скопје 2014"кои по својата природа не можат да претставуваат културно наследство
Во последните шест месеци, донесено е едно решение за прогласување културно наследство во опасност. Во примената на овој споменичко – правен институт, не се носи посебно решение со декларативен карактер за прекинување на статусот – културно наследство во опасност.
- Индикатор 3. Развој на културните и креативните индустрии врзани со производи на традиционалната култура со вклучување на аматерските фолклорни организации кои го негуваат традиционалното творештво
Приоритетите на одделението за креативни индустрии и интердисциплинарни проекти во годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес, кои во културата се однесуваат на поддршка на проекти и активности кои го стимулираат креативниот и уметничкиот потенцијал на сите граѓани независно од нивната етничка, верска, идеолошка, политичка, старосна или верска припадност; зацврстување на независниот културен сектор, како важен социо-културен чинител, негување и поттикнување на креативниот диверзитет, уметничкото творештво и проекти со кои се промовираат еднакви можности за сите.
- Индикатор 1. Систем на задолжително финансирање на спомениците од Листата на споменици од национален интерес, по принципот на категорија по вредност и степен на загрозеност
-
Извадок од програма на Влада:"Владата ќе продолжи да ја имплементира Стратегијата за меѓуетничка интеграција и граѓанска вклученост и ќе воведе годишна награда за најдобра идеја/проект со кој ке се развива концептот еднакво општество за сите "
Мобилизатор: Јалчн Неџипов- Индикатор 1.Број на општини кои имаат формирано комисии за меѓуетничката интеграција во образованието
33 општини имаат донесено стратегии за меѓуетничка интергација во образованието. 3 општини ги усвоиле стратегиите, а 2 општини се во процес на формирање комисии за меѓуетничка интеграција. Поголем напредок се забележува во однос на подготовката и донесувањето на стратегиите.
- Индикатор 2.Број на основни училишта кои добиле грантови од МОН за меѓуетничка интеграција
За учебната 2021-2022 година Мон планира да подржи околу 95 училишта(основни и средни) за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција.
- Индикатор 3. Висина на средства во МКД кои им се доделени на основните училишта за спроведување на проекти за меѓуетничка интеграција
Нема нови наоди за овој квартал.
- Индикатор 1.Број на општини кои имаат формирано комисии за меѓуетничката интеграција во образованието
-
Извадок од програма на Влада:"Предлог - одлука за давање на согласност на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2021 година 1) За да се надминат слабостите од првата фаза на децентрализацијата ќе извршиме зголемување на блок дотациите за да ги покриваат сите реални потреби на локалната установа, средствата за тековно и материјално одржување на установите, за нови инвестиции, а со цел подобрување на состојбата на објектите на локалните установи во културата и нивната функционалност"
Мобилизатор: Лилјана Танчева- Индикатор 1.Вкупен буџет наменет за 5те институции (расчленет за секоја институција посебно, односно да се прибере информација за буџетот наменет за секоја институција)
Нема нови наоди за овој квартал.
- Индикатор 2.Процент на реализација на буџетот за секоја од институциите на квартално ниво
Нема потрошени средства
- Индикатор 3.Опфат и тек на планираните активности за секоја инситуција посебно
"За Национална Филхармонија и Театар Ј.Х. Џинот по се склучени договори со селектираните изведувачи од овјавените јавни набавки. Во месец септември, по склучувњето на договорите извршено е теренско воведување во работата на изведувачите од страна на надзорните органи. Направен е теренски увид, консултирани се стручни лица од двете институции и е поставен тек на активности за изведба. - Од активностите поврзани со останатите три институции – Мала станица, ЦК Антон Панов Струмица и Музеј на Македонија, доработени се спецификациите поради кои се поништи претходната јавна набавка од страна на работната група, во тек е постапка за подготовка на документација за повторно објавување на јавната набавка. - Од предвидените средтсва за овие институции ниту во овој квартал и покрај доделените договори за изведба и започнатите активности, сѐ уште не се потрошени средства. "
- Индикатор 1.Вкупен буџет наменет за 5те институции (расчленет за секоја институција посебно, односно да се прибере информација за буџетот наменет за секоја институција)
-
Извадок од програма на Влада:Ќе продолжиме со инвестиции во културната инфраструктура при што во неколку града ќе формираме Младински културни центри, како специјализирани институции кои ќе ги развиваат културните потреби на младите луѓе, со цел да го подобриме квалитетот на нивниот живот да ги задржиме во земјата. Зависно од потребите тоа ќе бидат мултимедијални центри со простори за повеќе намени: кино сала, театарска сцена, сцена за концерти, изложбен салон, куглана, бифе или бизнис-кафе простор итн.
Мобилизатор: Софија Стојановска- Индикатор 1. Број на младински центри за кои се предвидени 2000000 денари во буџетот за 2021
Отворен е МЦ во Кавадарци. За 2020 година буџетирани се 765.000 денари, додека за 2021 - 500.000 денари.
- Индикатор 2. Број на општини кои планираат да ги започнат постапките за центрите во 2021 година);
Се планира отворање на МКЦ во Охрид, Пробиштип, Штип и др. Општини.
- Индикатор 3. Опфат и тек на процесот на за отворање младински центри во Куманово, Велес, Битола и Кавадарци за е кои беа предвидени во 2020 година
Во МЦ Кавадарци назначени се управители, а отворен е и повик за избор на изведувачи на програмите. Во Куманово донесена е предлог - одлука за основање на МЦ. Општините Велес и Куманово обезбедија простор за МЦ, Битола е во фаза на обезбедување.
- Индикатор 1. Број на младински центри за кои се предвидени 2000000 денари во буџетот за 2021
-
Извадок од програма на Влада:"Културното наследство ќе игра клучна улога во нашите политики. Тоа го засилува чувството на припаѓање, на споделување заеднички вредности и традиции. Ја застапуваме европската идеја дека културното наследство е заеднички ресурс, кој ја подига свеста за нашата заедничка историја, која нè обединува како граѓани, но и нè легитимира пред европското семејство на држави, активно придонесувајќи во целокупниот европски идентитет. Информацијата за реализација на Проектот „Конзерваторско реставраторски работи на Аквадуктот во Скопје“, Владата ќе се информира за тековните активности во насока на соодветен третман во областа на заштитата на Аквадуктот во Скопје. "
Мобилизатор: Деспина Ковачевска- Индикатор 1.Број на фази за спроведување на реставрацијата
На прес конференција на 15.09.2021 Министерството за култура најави почеток на конзерваторски работи на скопскиот аквадукт. Паралелно со конзервацијата ќе се работи на план за управување.
- Индикатор 2.Број на фази за спроведување на реставрацијата во 2021 година
Најпрво во првата фаза ќе се започне со конзервација, односно зачувување на физичката состојбата на аквадуктот, додека во втората фаза ќе се изврши реставрација на аквадуктот.
- Индикатор 3.Број на спроведени активности за реставрација во 2021
Прво ќе се започне со дренажа, а потоа зајакнување на столбовите и поставување на арматурни колови.
- Индикатор 4.Процент на реализација на планираните активности во 2021 година
Од Националниот центар за конзервација информираат дека е започната првата фаза, односно конзервацијата.
- Индикатор 1.Број на фази за спроведување на реставрацијата
-
Извадок од програма на Влада:"Воведуваме родова еднаквост во спортот – 30% жени во органи на управување (собрание, УО, ИО) почнувајќи од 2020 година, а 50% до 2024.Федерациите кои добиваат финансиски средства од државниот буџет мора да обезбедат функционирање на машки и женски спорт, односно машки и женски спортски клубови и/или репрезентации. Информација за предлог - проект „Родова еднаквост во спортот“ Образложение: Воведуваме родова еднаквост во спортот – 30% жени во органи на управување (собрание, УО, ИО) почнувајќи од 2020 година, а 50% до 2024. Федерациите кои добиваат финансиски средства од државниот буџет мора да обезбедат функционирање на машки и женски спорт, односно машки и женски спортски клубови и/или репрезентации. Очекувани влијанија: Еднаква застапеност на жената во спортот во сите органи на управување, финансирање на проекти на националните спортски федерации за поддршка на учеството на жената во спортот, како во тренажниот процес, рекреативните активности, така и во насока на нејзино зголемено учество како тренер, судија или како креатор на работата на органите и телата во клубовите, федерациите и националните асоцијации. "
Мобилизатор: Мартин Николовски- Индикатор 1)Број на федерации финансирани од Буџетот на Република Северна Македонија
Податоци за овој индикатор се собираат на почетокот на мониторингот.
- Индикатор 2)Процент на жени кои се дел од органите на управување во федерациите во 2020
Дополнително во Националната боксерска федерација од 52 членови една е жена или 1.9%, во Федерацијата за пеливанско борење на Северна Македонија има 20 членови од кои една е жена или 0.5% и во Велосипедската федерација од 26 членови има една жена во УО или 0.4%.
- Индикатор 3)Процент на жени кои се дел од органите на управување во федерациите во 2021
Нема промени во однос на податоците за вклучност нан жените во органите на управувавње во федерациите.
- Индикатор 1)Број на федерации финансирани од Буџетот на Република Северна Македонија
-
Извадок од програма на Влада:"Согласно Законот за младинско учество и младински политики, член 23, Органите на државната управа, општините, општините во градот Скопје и град Скопје се должни да определат службеник за млади од редот на вработените."
Мобилизатор: Дарко Тошиќ- Индикатор 1. Број на службеници за млади определени во органите на државната управа
Нема нови наоди во однос на податоците од претходниот квартал.
- Индикатор 2. Број на службеници за млади во општините
Нема нови наоди во однос на податоците од претходниот квартал.
- Индикатор 3.Процент на млади лица кои биле анкетирани и кои изјавуваат дека се запознати со позицијата службеник за млади и со неговите надлежности
Објавена е анкета и се собираат податоци за обработка.
- Индикатор 1. Број на службеници за млади определени во органите на државната управа