Прва генерација на Академијата за јавни политики

Млади од политички партии

Секој почеток  има и свој крај.

Многу сме среќни да ве информираме дека првата генерација на подмладоците на политички партии успешно ја заврши 9-месечната Академија за јавни политики.

Оваа Академија содржеше три модули кои се реализираа во различно време од годината.

Целиот овој процес започна во декември, кога политичките партии ги номинираа своите претставници на подмладоците, додека  за прв пат се сретнавме со нив на тридневна обука во февруари.

Глобалната пандемија – Ковид 19 беше предизвик, се обидовме да го адаптираме вториот модул од претходно воспоставените физички средби на виртуелени средби со вебинари и виртуелни платформи.

Ништо не може да го замени физичкиот допир, па затоа почитувајќи ги сите мерки дадени од Владата, решивме да го организираме третиот и последниот модул со физичко присуство во септември.

Целта на оваа Академија беше да ги зајакне капацитетите на подмладоците на политичките партии во развивање и пишување на документи за јавни политики, заедно со акциски планови и истовремено да најдат начин како да ја вметнат оваа метода во програми на нивните политички партии.

Иако процесот на учење на Академијата е завршен, сега започнува периодот кога целото добиено знаење треба да биде демонстрирано од учесниците во процесот на пишување и спроведување на нивните иновативни иницијативи засновани на развиениот документ за јавни политики.

Галерија