Успешно започнување на третата по ред Академија за јавни политики за подмладоците на политичките партии во земјата

Млади од политички партии

29 учесници од 12 политички партии и 1 граѓанска иницијатива, СДММ, УМС, ДУИ, Левица, ЛИДЕМ, НСДП, БЕСА Алтернатива, Алијанса за Албанците, Партија на Власите, Движење за национално единство на Турците, МОДОМ и За наше Куманово, земаа учество на третата по ред Академија за јавни политики.  Академијата за јавни политики се отвори на 30ти септември во Хотел Радика, Леуново со првиот Модул: Основи.

Целта на првиот модул беше да ги постави темелите, и да постави основи за учесниците во однос на темите кои ќе бидат обработени во текот на целата Академија. Предавачи беа еминентни професори, практичари и експерти од земјата.  Со организирање на третата Академија, ИФЕС и Швајцарската Амбасада во земјата ќе бидат дел од придонесот во едукација и практична подготовка на повеќе од 100 млади политичари во земјата.

Тродневната Академија започна со сесијата за суштинско значење: „Јас сум член на подмладок на политичка партија и подготвен сум да разговарам, размислувам и да правам политика“ со проф. Д-р. Ненад Марковиќ.

Филмска вечер под ѕвездите: „Налепница“ преку која Ѓорѓи М. Унковски кој е филмски директор и Изабела Јакимова како модератор, заедно со учесниците направија анализа на (не)функционалностите во општеството и бирократските замки преку уметничката форма.

На темата „Зошто политичките партии се посебни општествени организми? говореа Гордан Георгиев – Форум за разумни политики, Мерсел Билали – Универзитет АУЕ-ФОН, поранешен пратеник и Астрит Реџепи – модератор на групна работа

„Женска моќ! Жените на власт?!? – Жените во политиката: Сега и тогаш.

Еволуцијата на учеството на жените во политиката, политичките партии, важноста и опасностите од позитивната дискриминација/квоти. Локален активизам наспроти „висока“ политика. Како жените прават разлика во политиката? На оваа тема говореа : Кристина Хаџи Василева како модератор, Славица Грковска, заменик претседател на Владата задолжен за политики на добро владеење, Мерита Максути, Еко Герила Тетово/Подобро за Тетово и Магдалена Манаскова, археолог, поранешен пратеник.

Вели Креци, Универзитет на ЈИЕ и Астрит Реџепи, модератор на групна работа зборуваа на темата за „Јавна политика: суштинска алатка за политичките партии“.

„Лекции од преговарање со планината“ за развивање на личните способности и вештини во животот и политиката е тема која ја предаде академикот Ферид Мухиќ.

Утринското предавање на тема  „Уметноста на несогласувањето“, односно комуникација во конфликтен политички контекст (политичка поларизација) на учесниците им ја предаде Академик Ферид Мухиќ, филозоф при Универзитетот „Св. „Кирил и Методиј“.

На крајот следуваа идеи и алатки за Ангажирање на заедницата, заклучок од работилницата и следните чекори.

Учесниците имаа можност на овој прв модул да се запознаат меѓусебно, да дискутираат неформално на маргините на работилницата и воедно да создадат основи за соработка и во следните месеци и активности во рамки на Академијата.

Академијата предвидува организација на четири модули со дополнителни активности вклучително и подготовка на кратка јавна политика, активности за комуникација и мобилизација на граѓаните итн.

Галерија