Јавна расправа: Предизвици наспроти можности и мерки за зголемување на младинската вработеност и вработување
Големина на фонт
Центарот за едукација и развој, Теарце ќе организира јавна расправа на тема „Предизвици наспроти можности и мерки за зголемување на младинската вработеност и вработување“.
Во продолжение следува распоредот на предвидени активности:
А Г Е Н Д А
| 12.00 –12.15 | Регистрација на учесници
 Отворање на расправата Метин Муареми – Претседател на Центарот за едукација и развој и координатор на настани  | 
| 12.15 – 12.30 | Образовните наспроти пазарните предизвици и можности
 
  | 
| 12.30 – 12.40 | Тековни владини мерки и политики
 Милан Живковиќ – Посебен советник за труд и социјална политика на Премиерот на Република Северна Македонија  | 
| 12.40 – 12.50 |  Каков профил на работници бараат претпријатијата?
 Чаније Селими – Сопственик и управител на „РЕА“, Тетово  | 
| 12.50 – 13.00 | Анализа на ускладување на вештините со побарувачката на пазарот на трудот
 Астрит Реџепи – Координатор за високо образование, Национална агенција за мобилност и образовни програми  | 
| 13.00 – 13.10 | Соработка меѓу високообразовните установи и потенцијалните работодавци како потреба во зголемувањето на младинската вработливост
 Проф. Д-р Мемет Мемети – Декан на Факултетот за општествени науки  | 
| 13.10 – 13.20 | Можностите и ефективноста на активните мерки на Агенцијата за вработување на Северна Македонија и мерките од Акцискиот план за 2021 година
 Флорие Лачи, Агенција за вработување на Северна Македонија  | 
| 13.20 – 13.30 | Придобивки од младинската работа, тековните предизвици и потреби
 Владимир Ѓорѓиевски – проектен координатор во Центарот за едукација и развој  | 
| 13.30 – 13.50 | Прашања и дискусија со присутните за можните начини на зголемување на вработеноста на младите | 
| 13.50 – 14.00 | Затворање на расправата | 
| 14.00 | Освежување и размена на контакти | 
КОГА
од: 03-06-2021 12:00
до: 03-06-2021 14:00
КАДЕ
Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово / SEEU, Tetovo
