Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Не | Нема посебна ставка во буџетот на општина Кривогаштани за 2026 за мерката Чистење на диви депонии. Средствата не се јасно алоцирани, односно се ставени како комунални сервиси без да се прецизира сумата. Алоцираниот износ од 150 000 денари во ставката комунални сервиси е и за собирање на отпад и за чистење на диви депонии. | План на Програми за развој на комуналните дејности во населените места во Општина Кривогаштани за период од 2026-2028 година и буџет на општина Кривогаштани и ЈКП Пелагонија усвоена 12.12.2025 година Буџет на оптина Кривогаштани усвоен на 29.12.2025 |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Не | Во планот за јавни набавки нема предвидено јавни набавки за оваа мерка | План за јавни набавки на општина Кривогаштани - https://e-nabavki.gov.mk/InstitutionGridData.aspx?fbclid=IwAR2ksoZ5zha0RCNSv9YmvmxeTrxd0aQj68iR10jnNov_HF_dH0kMZQ10zLw#/ciAnnouncementPlansGrid/c5cd9bd3-395a-4244-a481-2d890e42261d |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Да | Предуслов за оваа мерка мапирање дивите депонии, по што истите и се отстрануваат.. Не постои официјален документ за каде има диви депонии. Секојдневно никнуваат нови диви депонии кои директно од терен се мапираат од ЈКП Пелагонија. | Средба со директорот на ЈКП Пелагонија на 03.09.2026 |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Не | Иако нема објави на веб страна и фб страна, наведено е дека има конкретни теренски активности. Беше наведено дека има вондредно чистење на диви депонии два пати месечно на следниве локации: Кривогаштани, Бела Црква, Руфци, Крушеани и Обршани. | Состанок со директорот на ЈКП Пелагонија Кривогаштани на 03.09.2026 |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Не | Општина Кривогаштани има активна веб страна каде што се споделуваат информации за менаџирањето со отпад. ЈКП Пелагонија нема активна веб страна, со тоа што добивме одговор дека истата е во изработка и се очекува да биде функционална. Двете институции имаат активна Фејсбук (Facebook) страница, но не споделуваат тековни активности иако на терен се реализираат. | фб страна на ЈКП Пелагонија: https://www.facebook.com/profile.php?id=100081132322758 |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Не | На 3 септември, ЛАГ Агро Лидер поднесе барање за информации од јавен карактер. До крајот на овој период нема одговор на Барањето. | Проектен тим |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Не | Во овој квартал, ЛАГ Агро Лидер оствари средба со директорот на ЈКП Пелагонија Кривогаштани. Иако нема официјални средби, секој граѓанин може да поднесе барање за одржување на средба со релевантни лица. Но, во овој период нема барања од граѓани за нивно вклучување | Средба со директорот на ЈКП Пелагонија на 3 септември 2026 |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Не | Во овој квартал нема формални консултации и средби со граѓани. | Средба со директорот на ЈКП Пелагонија на 3 септември 2026 |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Не | Во овој квартал не се евидентирани официјално поднесени писмени барања за средби, потпишани петиции или формални граѓански иницијативи доставени до архивата на општина Кривогаштани или ЈКП „Пелагонија“. Исто така, немало директно физичко учество на граѓани на седниците на советот на општината конкретно за оваа мерка. | Сребда со секретарот на општина Кривогаштани и директорот на ЈКП Пелагонија Кривогаштани на 03.09.2026 |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Да | ЛАГ Агро Лидер иницираше и одржа јавен собир - теренска средба на 26.06. 2026 во Кривогаштани поврзана со оваа мерка. За време на средбата се дискутираше за актуелните предизвици за мерката. Учествуваа 20 граѓани од различна возраст и населено место. Исто така, беа одржани 2 јавни кампањи каде што беше промовиран QR код за граѓаните да сликаат и да мапираат диви депонии | https://radiopela.mk/73431/ |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | Општина Кривогаштани и ЈКП Пелагонија немаат можност на официјалната веб страна за електронско учество на граѓаните. | |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Да | Иако Општина Кривогаштани нема посебно назначен отворен ден, граѓаните можат секој ден да си ја посетат општината и да се информираат за работи поврзани со мерката. Нема конкретен отворен ден за мерката за собирање на комунален отпад - редовност, територијална покриеност и ефикасност на услугите. Во просек има по 4-5 граѓани секој ден што ја посетуваат општината. На овие посети граѓаните бараат подобри услови за живот, пријавуваат не собирање на отпад, итн | Дадените наоди од разговор со претставници од општина и ЈКП Пелагонија на 03.09.2026 година |
