Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Не | Во буџетот нема заведено дека се алоцирани буџетски средства за оваа намена. Оваа активност на општината е во соработка со Министерството за образование и наука и Владата. Во буџетот на општината немаше ставка која предвидува финансии за оваа мерка. | Состанок со општински претставници 01 април 2026 писмена потврда на електронска пошта од советник во општината 05 мај 2026 година буџетот на општината (https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2026/02/budzet-2026.pdf) |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Не | Евротинк испрати Барање за информации од јавен карактер до општина Кисела Вода каде беа побарани информации во врска со јавните набавки, но сеуште не е добиен одговор. Не се достапни други јавни податоци. | Проектен тим |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Не | Евротинк испрати Барање за информации од јавен карактер до општина Кисела Вода на кое се чека одговор. | Проектен тим |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Да | Реализацијата на мерката е во напредна фаза. Поставени се темелите и столбови, тоа се увиде преку теренска посета од тимот на Евротинк составен од 2 набљудувачи, при што се направени и фотографии од истото. | Состанок со општински претставници одржан на 01 април 2026 година Потврда на електронска пошта од општински претставник добиен 05 мај 2026 година Теренска посета од набљудувачите на Евротинк реализирана на 15 мај 2025 година. |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Не | Општината нема објави за имплементирање на оваа мерка, споделени се само информации на социјалната мрежа Фејсбук на градоначалничката. | (20+) ⚽️🏀Нова спортска сала за новата... - Бети Стаменкоска Трајкоска | Facebook |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Не | Евротинк до сега нема добиено одговори на барањата за информации од јавен карактер, но беше контактиран со претставник на општината дека ќе се дадат одговори на истите, | Контакти со претставници од општината |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Да | Евротинк одржа состанок со двајца претставници од општината (советници). Бевме контактирани од нивна страна откако ги добиле нашите барања за информации од јавен карактер. Состанокот беше одржан во месец април, во просториите на општината, при што тимот на Евротинк со 3 члена, 2 набљудувачи и координаторот, доставија листа на активности за кои се интересираме на што добивме позитивен одговор дека ќе бидеме во комуникација, но комуникацијата до сега се темели само на една електронска од едниот советник. Потоа, при обид да се стапи во комуникација, не се добил никаков одговор, | Состанок со општински претставници 01 април 2026 комуникација преку електронска пошта на 05 мај 2026 телефонски контакти |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Не | Евротинк нема добиено никакви информации за тоа дали граѓаните се вклучени во одлуките поврзани со реализација на младинскиот културен центар. Сеуште чека на одговор на барање за информации од јавен карактер. | Проектен тим |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Не | Евротинк нема добиено никакви информации за тоа дали граѓаните иницирале учество се во одлуките поврзани со реализација на младинскиот културен центар. Сеуште чека на одговор на барање за информации од јавен карактер. | Проектен тим |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Да | Нема информации з аодржани јавни форуми од општината.Евротинк одржа 2 состаноци со младински граѓански организации кои се регистрирани на територија на општината. Двата состаноци поминаа во одлична атмосфера, се разменија повеќе контакти, како и искуства во соработката со општината. Се потенцираше нивна поддршка и соработка во текот на времетраењето на мониторингот. Планиран состанок со подмладоците на политичката партија Левица. |
Состаноци со 2 младински организации на територија на кисела вода (на 1 јули и 6 јули 2026 година). Записник од состаноците, фотографии. телефонска комуникација, комуникација преку социјални медиуми, мејлови. |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | Нема таква опција која се однесува на мерката, но има копче за општи прашања | Веб страната на општината, социјалните медиуми на општината |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Не | Нема јавно достапни информации за ова, ниту одговор во електронска порака од претставник на општината. Доставено е барање за информации од јавен карактер на кое чекаме одгвовор. | Проектен тим |
