Со реализација на вториот модул насловен „Младинско учество – застапеност, инклузија и демократска култура“, Академијата за јавни политики ја продлабочи својата заложба за зајакнување на капацитетите на младите претставници од политичките партии. Учесниците имаа можност да учат од искусни политичари, експерти и практичари од земјата и регионот и да дискутираат на теми поврзани со младинското учество во политиката, формалните и неформалните патишта на политичко влијание, како и бариерите кои го ограничуваат суштинското учество на младите.
Модулот отвори важни прашања за вистинската застапеност на младите и младинските политики, предизвиците во рамки на традиционалните политички структури, како и можностите за креирање нови, инклузивни и одговорни политички практики.
Мотивираноста, критичкото размислување и ангажманот на учесниците и овојпат покажа дека младите треба да играат клучна улога во обликувањето на иднината на демократијата.
