Панел дискусија: „Кодекс на однесување – Борба против насилството врз жените во политиката и во изборните процеси”
Големина на фонт
Настанот се организира во соработка со Македонското женско лоби во рамките на Програмата за поддршка на изборите на Владата на Швајцарија, што се спроведува од страна на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).
Панел дискусијата има за цел да се презентира Кодексот за однесување, осврнувајќи се на загриженостите поврзани со насилството врз жените во политиката и изборните процеси, истовремено прифаќајќи дека тоа е значајна негативна појава којашто влијае на политичкото учество, и на жените, и на мажите.
Во вториот дел на настанот ќе се одржи дискусија помеѓу претставниците на политичките партии и релевантните институции во врска со најдобрите пристапи за имплементација на Кодексот во насока на давање придонес за безбедно и правично политичко опкружување, што претставува начин да се гарантира простор за политичко учество на жените во политиката без никаква форма на насилство, како основа за инклузивно креирање политики.
КОГА
од: 11-06-2024 10:00
до: 11-06-2024 13:00
КАДЕ
Хотел Холидеј Ин, Скопје / Hotel Holiday Inn, Skopje
Галерија