На 22 мај, 2023 година, здружението Младински Културен Центар-Битола, одржа јавен настан во Општина Демир Хисар, каде беа презентирани резултатите од извршениот мониторинг на изборното ветување за модернизација на уличното осветлување и замена со ново поекономично ЛЕД осветлување.

Пред претставници од Општина Демир Хисар како и локално население беше претставен текот на реализација на ова изборно ветување кое во периодот на мониторирањето беше целосно реализирано

Резултатите од мониторингот ја потврдуваат целосната реализација на проектот со поставени 99 нови економични ЛЕД светилки со направена целосна замена на постоечкото улично осветлување со ново ЛЕД осветлување, како и дополнителна замена на дел од уличното осветлување во уште 7 населени места во општината

Повеќе информации за мониторираното прашање, можете да најдете тука: https://electoralsupportprogramme.mk/single-initiative-2022/?ID=4610

Галерија