Во текот на ноември и декември 2022 година, во рамките на проектот „Поддршка на изборни реформи во Северна Македонија” мобилизаторите назначени од граѓанските организации кои спроведуваат иновативни иницијативи, вршеа мониторирање и собираа податоци за 25 предизборни ветувања во 19 општини. Добиените податоци се презентирани преку матрицата за мониторирање на веб страницата на проектот, достапна на https://electoralsupportprogramme.mk/monitoring-matrix-2022/.
Од досегашните податоци можат да се издвојат следните сумирани заклучоци:
- Во однос на статусот на мониторираните предизборни ветувања кои биле вклучени во програмите на општините во 2022 г. кај 40% од мониторираните ветувања е започнато со реализација на конкретни активности и кај исто толкав дел може да се видат првични резултати од имплементацијата. Сепак, остануваат 60% од предизборните ветувања кои се во фокусот на мониторингот , а за кои не се достапни јавни податоци за статусот односно за кои општините се уште не започнале со реализација.
- Во однос на транспарентноста и отчетноста на општината за мониторираното ветување, може да се забележи висок процент од 60% каде информации за статусот на мониторираното ветување не се споделуваат на веб страната на општината.
- Во однос на механизмите кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните, најчесто користен механизам на општините се отворените денови на општината (60%), додека наменски организирани јавни собири, дебати или форуми се искористени за 30% од мониторираните ветувања.
Повеќе информации се достапни на следниов линк: https://electoralsupportprogramme.mk/summary-of-all-monitoring-matrixes/.